Цел живот се мачам со диети и со баланс на телесната тежина, но само редовна физичка активност може да помогне. Но, ако сакате за кратко време да изгубите повеќе килограми, тогаш би ја препорачала медицинската диета на доктор Жан Митрев. Диетата овозможува губење на 10-15 кг во период од 15 дена. Медицинската диета се повторува три пати во пет дена (или помалку ако сакате да
изгубите помалку тежина). Ако сакате да изгубите повеќе тежина по 15 дена, потребно
е да направите пауза, а потоа повторно да продолжите со медицинската диета.
Ден 1
Појадок: портокал, 4 крекери и чаша кафе или чај без шеќер.
Ручек: портокал, варено јајце, половина чаша јогурт.
Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, краставица и половина зелена салата.
Ден 2
Појадок: портокал, 4 крекери, кафе или чај без шеќер.
Ручек: портокал, варено јајце, половина чаша јогурт.
Вечера: плескавица (125 гр мелено месо), портокал, домат, 4 крекери, чаша кафе или чај
без шеќер.
Ден 3
Појадок: портокал, 4 крекери, чаша кафе или чај без шеќер.
Ручек: портокал, варено јајце, половина чаша јогурт, зелена салата или 2 краставици и
незасладени пијалаци.
Вечера: плескавица (125 г мелено говедско месо), портокал, 4 крекери, чаша кафе или
чај без шеќер.
Ден 4
1 / 2Медицинска диета
Понеделник, 05 Јули 2010 07:44
Појадок: портокал, 4 крекери, чаша кафе или чај без шеќер.
Ручек: 125 гр. немасно сирење, домат, четири крекери.
Вечера: плескавица (125 гр мелено говедско месо) 4 крекери, 2 домати, јаболка.
Ден 5
Појадок: портокал, 4 крекери, чаша кафе или чај без шеќер.
Ручек: 200 гр варена риба или пилешко месо, 4 крекери, домат.
Вечера: 500 гр варен зеленчук, варено јајце, домат.