Во време кога треба социјално дистанцирање поради светска епидемиолошка криза, мислам дека ова со Џорџ Флојд е премногу и за првпат можам да се согласам со некој екстремни потези на Трамп.
Значи пораката е испратија, џандарите освен избркани ќе се судат и за убиство, и ќе бидат осудени. И тие се луѓе со фамилии, и кај нив животот и кариерата се завршени така да... не гледам која е поентата да се продолжи со протести, безразлика дали се мирни или насилни.
Нормално дека овај случај (сам по себе) нема да го измени и реши историскиот факт + статистиките кои покажуваат рацистичко профилирање од страна на полицијата и опшеството кон црната, мексиканската и другите поголеми заедници.
Тоа било и ќе биде. Тешко е да се одстрани таа ментална перцепција што белиот човек ја има во ДНК-та, која резултира со свесно/несвесно па дури и инстиктивно рацистичко понашање кон останатите.
Се слагам дека ова е недопустливо да се случи во "лулката" на светската демократија - САД, но сепак.. и таму е далеку од совршено. Едноставно полицијата мора да добива квалитетно образование кога станува збор за нивниот професионализам, и односот што го имаат и градат со народот.
А ова со Џорџ Флојд полека но сигурно преминува во политика и дневнополитички поени, злоупотребување од тие што имаат интерес, и тоа во време кога е загрозено колективното здравје и такви масовни собири се тотално погрешен потег што може да има лоши последици.
Ова е мое скромно мислење, но како што кажав на почетокот, Трамп мора да стави крај на ситуацијава. Знам дека е екстремен во неговите реакции и со активирањето на Националната Гарда + Војската се ствара уште полоша слика и атмосфера, но сепак... во оваа ситуација не гледам многу дипломатски опции кои можат да ги смират страстите.