Јас го гледам проблемов со расизмов на класна основа. Проблемот е во капитализмот, односно во империјализмот како негова најизразена форма.
Капиталот функционира исто како гравитацијата, тој има својство да се групира и да создава огромни разлики. Белите европски држави кои ги колонизирале останатите континенти, назад историски имаат создадено еден перпетуален, бескраен и нерешлив проблем во кој самата боја на кожата нема многу врска. Еве земете ја оваа територија у која живееме - секојдневно гледате како не јебе САД како империјалистичка сила - ја ситни југоисточна Европа, константно работи на разединување на ЕУ и оневзможување на продор на руско влијание на Балканот, пред се' преку Србија, Бугарија и Грција. Ние не сме црнци, ама од 92ра наваму и пред тоа сме јебена странка - намерно нема да се споредам со Флојд, пошо типот дефакто Е криминалец (не викам дека заслужува таква смрт, ама и не е баш часна сестра за да стане ваков шатро „идол“). Што би рекло дека е прашање на интерес. Американското општество е така структурирано, да црнците чинат еден неизбежен дел од него. Нивните предци се довлечкани од афричките колонии кои и ден денешен се парцелисани според англиско-француско-португалско-белгиска парцелација, а не како што реално живееле афричките племиња пред нивната колонизација. Африка е посебна приказна, затоа што така е проектирана по тој колонзиторски тек, да во голем дел од земјите се водат бескрајни племенски војни (по мене со право), само затоа што една колонијална сила ги „обединила“ во некоја квази држава - класичен пример е Руанда која имаше една од најкратките и најкрвавите војни само затоа што двете племиња Хуту и Тутси останале да живеат во исти граници....има примери безброј и по целиов свет, Сирија е една од најхардкор верзиите.
Тие црни луѓе што имале среќа да бидат натоварени на брод и однесени во Америка, ги живеат сегашните проблеми, кои децении нема да ги опраат затоа што капиталот е таму каде што е, кај белите луѓе и тие целат да не го дадат никому. Не на црните луѓе, туку на никој друг. Може да се јебат, да протестираат 100 години - се' што ќе им биде дадено е проформа. Црн претседател на пример во 80ти и 90ти години знаете што беше? - Научна фантастика. Го добија и со него добија ништо.
Капитализмот се базира на еден потрошачки лајфстајл, кој не може сите да го живеат. Мора да има такви што ќе бришат газ некому. Не е тоа општество у кое сите работат за доброто на сите. Тоа е систем во кој некој ужива, а некој спие во говна и се крши од работа. Мислите дека латиносите се нешто поуважени од црнците? - потполно исто.
Комунистичките земји правеа обиди да ги интегрираат циганските малцинства во општеството. Југославија праеше обиди и со ши птарското малцинство - да ги натераат да одат во школо, да ги пуштат женските деца во школо и да излегуваат од куќите - тие обиди, во голема мерка беа јалови. И денес се гледа како тие структури живеат и кој стандард го имаат. Разликата е таа што поранешната држава имаше став, иако не се работи за никаква колонизација, туку за некои кои се потегнале и живеат овде, а се којзнае од каде. Русија која исто има пепел напраено со домородните племиња од Урал до Камчатка, исто работела на интеграција, и тоа до таа мерка да тоа се нарекува асимилација, па добар дел од тие луѓе нити знаат да кажат од кое племе се, а и толкава е географската дистанца, да немаат ни можност за некаква сериозна реакција. Домородните племиња во САД исто никој на гз не ги става и тие се една посебна приказна.
Американското општество после Рузвелт, а уште поизразено после Кенеди е целосно преземено од таканаречената корпорократија, која поседува речиси се' во државата и ги носи главните одлуки и истата ги поставува главните политички фигури во државата. И самиот тој во говорот во њујоршкиот хотел Валдорф Асторија изнесува драматични обвинувања на темава и многу американци истиот го сметаат како една од главните причини за неговото убиство. На пример, мој личен став е дека на основачите на таа држава и интелектуалното ниво кое го поседувале, современиве претседатели: Буш (посебно младиот), Клинтон, Трамп, па и Реган би можеле да им бидат коњушари. Како што Калигула го поставил сопствениот коњ да му биде сенатор, за да ги навреди и омаловажи другите сенатори, така и овие огромни корпорации, ставаат кловнови на врвни позиции, ставаат црнец - практично на просечниот американски потрошувач му даваат тоа што тој го бара, само за да биде послушен. Обама доби Нобелова награда за мир за војната во Сирија - поголем циркус од ова може само во наше собрание да се види. На страна што не направи ништо за Ирак и Авганистан, држави во кои исто живеат луѓе што не се бели и дневно гинат во троцифрени бројки - за таквите ситуации нема муабет во протестиве на BLM - многу „племенито“, мора да се признае. Она за што збори Кенеди е таа одвратна пропаганда, со која кај американецот се градат стравови со кои тој одобрува лудачки политички одлуки. Како што е заканата од фамозниот „тероризам“, на основа на кој американската држава годишно прави набавки од трилиони долари директно од компании кои ги поседуваат овие луѓе. Дел од таа пропаганда е и силниот државен апарат на полицијата, која ја гледаме како е наоружана - ко да се бори со ванземаљци. Вработува многу луѓе и не помалку е корумпирана од било која друга - дел е од бизнисите со дрога, оружје...
Не ми се верува дека во мое време ќе видам распад на американското општество, меѓутоа, тоа е во некоја фаза на залез. Фантастично е како успеваат да манипулираат со светот - да не е покварено би рекол дека е и генијално. Би ви го препорачал да го гледате „4-те јавачи на апокалипсата“ - тоа е еден документарец од пред неколку години. Во него зборат Чомски, Штајглиц и други видни интелектуалци (овие двајца се Евреи по некоја случајност) - истиот не е на тема расизам, но многу добро го објаснува политичко-економскиот систем на САД, кој не е лошо да се знае, затоа што внатрешните случувања таму имаат огромни импликации надвор и истиот наведува дека американското општество е во таа, последната империјална фаза.