Џака Накот

  • Креатор на темата Креатор на темата GucciMane
  • Време на започнување Време на започнување

И САФ на времето имаа песна со иста тематаика, и песнава е уште со актуелна тематика. Ништо не се сменило во нашава бедна државичка ниту во Бранково ниту во Љупчово ниту во време на Никола.
 
Ѕвер е човекот еј, кога ги гледаш песните у глобала сите му се добри али оваа му беше...совршенство. :) Иако не слушам рап многу го поштувам Џака.
 
Џака е нешто ....нз неопишлив...и треба да се поштуе!!што тони зен или токсикологија да не се рапери,уствари они немаат везе жими слаткар што има некоја песна што фаќа рап...
 
напорен е, време да си најде асална работа и да прекине да глуми револуционер пред средношколци
 
^Хахаха, ме насмеа. Колку години има, стварно? Накај 36-7 сигурно, али сакам точно да знам колку има.

За прв пат во животот бев на рап „журка“ и пошо не знаев никој од фаците, типов ми остави голем впечаток. Предобри текстови имаше, само гласчето му е тенки4ко, не е за рап.
 
Од деновиве Џака реши да си ја проба среќата во Немачка, нека му е со лесно.

Почитувани пријатели, подржувачи и непријатели, јас ја напуштив мојата татковина Македонија, бидејки одбивам да бидам дел од колективната несвест која завладеа таму изминативе години, се обидував од петни жили да направам некоја промена, а кога излегов пред влада јавно да ги исплукам, кога ние уметниците бевме засегнати со предлогот на владата 35% да му даваме на Груевски и компанија, сите ми го свртевте грбот, лугето бегаа од мене како од чума, мои пријатели се плашеа да им пуштам музика во кафулето или да сипијам кафе таму затоа што ке дојде инспекција да ги затвори, цензуриран сум на национално ниво, забрана имам за настапување на сите фестивали кои се организирани од пштините на ВМРО-или во превод сегде, сите мои пријатели се отселија од мојот роден град, и јас одбивам да бидам дел од таа Македонија, со тешко срце ви го кажувам ова бидејки цел живот работам и творам на Македонски (кој не ми е ни мајчин јазик успат кажано) и ми е многу жал за добрите луге кои се надеваат на подобо утре во таа земја, кои сакаат да работат чесно, ама се соочуваат со Феудалните газди и Полтроните на Власта која во корен го сече се што не им припага на нив, од денеска сум дисидент и за жал ке останам долго време-имајки на ум дека ситуацијата во Македонија само иде на полошо и на мое и ваше разочарување ВМРО и ивните симпатизери повторно ке ги украдат изборите-сакале ние или не, и ке ни се смеат во лице додека произведуваат "човечиња" кои ке ги гласаат. Толкаво ниво на толеранција не сум сретнал никаде во Европа, а сум ја прошетал цела...да ви ги убиваат децата на улица полицајци (Мартин Н.) и да ви и газат дечињата на пешачки премин, да ви умре жената на породување сосе невина душа во неа поради кадарот на ВМРО, да ви падне цела Шара на глава како во Тетово и само да броиме мртви, да ви убиваат полицајци (од етички мешани средини со цел да се создаде радор на мегуетничкото ткиво и мирот) а вие да го толерирате сето тоа, да ги слушате нивните разговори по телефон и да ве убедуваат дека се монтажи, јас повеке неможам, ке ми простите...јас немам нерви за уште едно ВМРОвско славје на лажна победа, не сум партиски определен, но во Македонија за да просперираш мора да бидеш, затоа си одам.
Фала за се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom