Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Aј луге ако можете помагајте.Синојка фино лепо си легнав да спиам накај 1 саат се додека не се разбудив нокеска у 3 поради неправилно дишење.Имено неможев да земам воздух онолку колку што ми треба.Доколку земев поише од онаа што ми треба душникот одмаа почнуваше да ме стега и да ми ги запира патиштата за воздух.Срцето многу брзо почна да ми лупа..така да едно време неможев да спиам на левата страна од страв да не го потиснам..Пиев вода,пробав правилно да вдишувам и издишувам и бев на тераса демек да ме фати воздух,зашо сум дишела спарен воздух во соба.Ништо не помогна.Једино накај 5 саат,кога правев инхалација со камилица и се напив цефалексин почна да делува и да се подобрува ситуацијата малку.Но сеуште не е подобрена целосно,ме боли грбот,плуката,белите дробови и сеуште срцето брзо ми работи!Помош,ке може ли некој да ми каже што ми е,вчера од памет се извадив

Бебето ни е болничко:(, а зашо не прашаш совет кај докторот по мсн.,:nenene: срам да ти е:baeh:, инаку тоа е само хроничен замор и ненаспиеност, плус нервози, убаво шо си направила инхалација, друг пат само со жалфија пробај, поуспешно е затоа што има повеќе етерични масла од камилица, така да поефикасно ги опушта дишните патишта...
поздрав и побргу да оздравеш:helou:
 
И јас вчера не можев да спијам до 5 саат.....на секое кога ќе затворев очи и чувствував како да губам свест....мн чудно ми беше...ова ми се има случено и неколку пати пред неколку месеци....ќе можи некој да ми поможи или да одам на болница?:vozbud:
 
Да не си заљубен? :pos:(се шалам):nesum:, инаку моја дијагноза за ова што ти се случува е несоница, и јас така порано го имав проблемот, бев на доктор, ми снимаа глава и ми рекоа дека нема медицински проблем, инаку пробај напиј се часа млеко се шеќер пред спиење, и тоа помага, на крај несоницата може да биде и од електромагнетно зрачење кои потекнуваат од прудужните кабли, пц-то и слично...
 
Можи и од компјутерот да е....одма до креветот ми е.....ај вечер ќе пробам да се напијам шоља млеко пред да си легнам па ќе кажам утре:smir:
 
Poslednive nekolku dena kako da nemam apetit ni malku mozam i cel den da ne jadam a da ne cuvstvuvam glad isto taka od vreme na vreme mi doaga nagon za povracanje plus sum oslaben 1-2 kila.Kakvi se ovie simptomi i lek za niv?
 
Ова се многу општи симптоми и може да се првите симптоми на настинка,грип, инфекција на желудникот и цревата, истотака труење од храна итн итн.
Затоа тркни на лекар да те прегледа и ти направи крвна слика и најдобро ќе ти каже за што се работи.
 
Мила, ќе ми го средиш проблемот со мојата инсомнија?
Значи одамна веќе имам изгубено секаков нормален начин на живот. Легнувам или накај 10h сабајле или два дена не спијам со цел да фатам ритам, па легнувам доста рано навечер, кога пак се будам ненаспана после некој час и терам исто целиот нареден ден и вечер.
Претпоставувам дека со тек на време така сум се навикнала, па сега ми е чудно "рано" да си легнам и најчесто се давам во секакви потребни и непотребни мисли, кои ми одвлекуваат секаков можен сон, се` додека не ми падне цело тело од замор.
Е сега, пред некој ден си појдов во аптека и се пресрамив да прашам дали има некој нормален лек за мојава болест. Ми дадоа витамини B6, кои наводно ќе ме опуштеле и ќе ми овозможеле да заспијам за еден час откако ќе ги испијам. Јас откако ги испив, наредните 10 часа неможев да заспијам пак, дури имав и дополнителни проблеми како што се нејасни нервози, мачни и постојани превртувања во кревет, зголемено мокрење (леле муабетов:pos2:) итн.

Значи конечно прашањето после доброво образложение ... има нешто што може навистина да ми помогне да почнам да спијам како сите нормални луѓе, а не е лексилиум или некој друг тежок и страшен на име медикамент или да одам да се побарам некаде?:toe::pos2:
 
Ама баш истово ми се случуваше и мене...и јас како тебе не спијав по два дена за да фатам тек ама и тоа не помагаше.Едноставно нарушен ти е биоритамот.Е сега,јас што заприметив од таја ситуација.Обично кога легнував,се оптоварував со тоа да заспијам,што излезе како многу погрешен пристап.Едноставно ако легниш и чекаш да заспијаш нема шанса тода да се случи.Тргнувајќи од мене,би ти препорачал да не седиш на компјутер(оти така нема шамса да ти се приспија:) ),туку да си земиш некое филмче,и тоа бааѓи долгичко,пр. Human Trafficing,и гледај го.Без разлика дали ке заспијаш во 5,6.7 или 9,настамени си го алармот да те разбуди после 4-5 саати спиење,пример најдоцна до 11 саатот.Во текот на денот биди активна,таму каде што треба да одиш оди пешки,нека ти се умори организмот малку,и вечерта пак истото направи го со филмот,пушти си и гледај си.Не викам дека одма би ти помогнало,ама со тек на време би требало да се вратиш во нормала...
Барем јас се вратив.Ти препорачувам филм за да ги оттргниш мислите што те мачат,да го ослободиш малку мозокот...
Можи не е некој стручен совет,али мене ми помогна,а се надевам и тебе:):smir::smir:
 
Мила, ќе ми го средиш проблемот со мојата инсомнија?
Значи одамна веќе имам изгубено секаков нормален начин на живот. Легнувам или накај 10h сабајле или два дена не спијам со цел да фатам ритам, па легнувам доста рано навечер, кога пак се будам ненаспана после некој час и терам исто целиот нареден ден и вечер.
Претпоставувам дека со тек на време така сум се навикнала, па сега ми е чудно "рано" да си легнам и најчесто се давам во секакви потребни и непотребни мисли, кои ми одвлекуваат секаков можен сон, се` додека не ми падне цело тело од замор.
Е сега, пред некој ден си појдов во аптека и се пресрамив да прашам дали има некој нормален лек за мојава болест. Ми дадоа витамини B6, кои наводно ќе ме опуштеле и ќе ми овозможеле да заспијам за еден час откако ќе ги испијам. Јас откако ги испив, наредните 10 часа неможев да заспијам пак, дури имав и дополнителни проблеми како што се нејасни нервози, мачни и постојани превртувања во кревет, зголемено мокрење (леле муабетов:pos2:) итн.

Значи конечно прашањето после доброво образложение ... има нешто што може навистина да ми помогне да почнам да спијам како сите нормални луѓе, а не е лексилиум или некој друг тежок и страшен на име медикамент или да одам да се побарам некаде?:toe::pos2:

Дивајн, проблемов го имам и јас со години, биоритамот скроѕ ми се пореметува со дежурствата. Во последно време најдов принцип што функционира, значи буквално правам пауза од спиење, ако сум си легнала во 7ч сабајле спијам само 2-3ч и навивам аларм да станам. Денот го поминувам активно, обавезно 2ч спорткса активност, идам на фитне за да се уморам дополнително и сауна за да се опуштам,кафе после 4ч веќе непијам.Пред спиење пијам топло млеко со мед и во 9ч сум веќе во кревет. Ако видам дека по еден саат уште не ми се спие, земам апче за спиење (лекарката ми препиша на растителен принцип, ама ги земам само во краен случај бидејќи горенаведената процедура најчесто успева) и тогаш сигурно заспивам. Има лек што може да ти помогне и е доста успешен при проблеми со спиење иако се даваат само за кратко време, а најуспешно средување на проблемот е откривање на причината за пореметен биоритам (најчести неоргански причини се:стрес, хроничен умор,страв,внатрешни конфликти,како последица на траума), многу е битна хигиената во спалната соба, воздухот да има одредена влажност, да не е гласно или претопло (<18C), да не се пуши во просторијата,никако уклучен телевизор, истотака при работа во смени се препорачува да се спие во многу темна просторија да се симулира ноќ (бидејќи биоритамот ни е таков да при светлина се будиме) итн.

Лек кој се докажа како доста добар е Zopiclon (барај во аптека под име Ximovan® или Somnosan®) , има слично дејство како лексилиум иако потекнува од сосема друга група на лекови и се смета како со најмалце споредни ефекти, а ианку при стандардна терапија се даваат бензодиазепами (значи лексилиум ама во мала доза). Од растителни хомеопатски лекови при проблеми со спиењето се препорачуваат лаванда, камилица,мелиса,балдриан(незнам дали е вака и на македонски).
 
ajde mala pomos
...vcera vecer imav mala malaksanot i nemozev da zaspijam a posle nekoe vreme povrativ...deneska imam temperatura od 37 stepeni i zacesteni prolivi
 
Во овој период од годината преовладуваат вируси на дигестивниот тракт, најчест е норовирусот од таа категорија, затоа многу течности треба да примаш за да не дехидрираш, ако имаш грчеви во желудникот кока кола помага, истотака за грчеви бускопанот е многу ефикасен, протиев диареата ќе си земеш стрептактазол, и јадење двопек и чајчиња додека не ти помине, за температура стандард парацетамол или аспирин.Ако ти се влоши состојбата денеска ти препорачувам на лекар да одиш, зошто ако не е вирус може да се работи за труење од храна.
 
После долго време од кога имав посериозни проблеми со една болештина тешка,ама за среќа помина,деновиве повторно почнаа да ми излегуваат модрици без причина.Прво се појавуваат како румени кругчиња те прстени,а потоа помодруваат,посинуваат.Пред да одам на лекар Злобница или кој и да знае нека ми пише што би можело да биде,страв ме фаќа.Како причина ми кажаа дека можеби е јак стрес,кој деновиве ми е неизоставен и секојдневен.Значи се појавуваат без никаква причина или можеби мал допир,не дај боже комарец да ме касне,од што ќе се чешам ке помодрам ко џигер.:nesum:
 
Тијана иди легни си утре на доктор ќе ти кажат што ти е, не си ја мачи душата дополнително, бидејќи злобница чим до сега не се уклучила да ти одговори најверојатно нема ни да се уклучи до утре.
Симптомите не знам за што се, ама знам дека колку повеќе мислиш на тоа толку полошшо ќе биде. Затоа иди легни си одмори се за утре, и не бери гајле до толку ќе ти пројде.
 
После долго време од кога имав посериозни проблеми со една болештина тешка,ама за среќа помина,деновиве повторно почнаа да ми излегуваат модрици без причина.Прво се појавуваат како румени кругчиња те прстени,а потоа помодруваат,посинуваат.Пред да одам на лекар Злобница или кој и да знае нека ми пише што би можело да биде,страв ме фаќа.Како причина ми кажаа дека можеби е јак стрес,кој деновиве ми е неизоставен и секојдневен.Значи се појавуваат без никаква причина или можеби мал допир,не дај боже комарец да ме касне,од што ќе се чешам ке помодрам ко џигер.:nesum:

Вака сеа прво не се секирај, искачање на модрици без причина кај жени се многу чести, прост пример: при земање на антибеби пилули се јавуваат исто модрици без некоја причина кај многу жени, други можни причини се да ти фали Витамин К, или ако си користела некоја крема или терапија со кортизон, или слабокрвност исто често се манифестира на тој начин. Затоа не се секирај и иди на лекар да те ѕирнат, ќе ти направат диференцијална крвна слика и ќе знаеш што е. Мене исто пред два месеци почнаа ама апсолутно без причина да ми се појавуваат модрици по цело тело, си отидов на лекар и ооооп железото ми беше прениско.
Биди ми поздравена и не се секирај.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom