Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да прашам, се потам премногу под мишки(а не мириса) и рацеве ми се потат дали било топло дали минус секогаш исто и ме фаќа срам. Некој совет да ми дадете како да го намалам потењево ако е можно.
 
Па јас можам два кратки совети да ти дадам:
Прво, мораш да поработиш малку на самоконтрола значи да се смируваш сам(психички) да не се нервираш и да не бидеш напнат.
А второ, почни да не мислиш на тоа не му давај значење.
 
Сакам да прашам, се потам премногу под мишки(а не мириса) и рацеве ми се потат дали било топло дали минус секогаш исто и ме фаќа срам. Некој совет да ми дадете како да го намалам потењево ако е можно.

Анксиозност. Сем ако исхраната не ти е ужасна па да си добил невропатија, колку си стар, тежок итн?
 
Некој да сподели некое мислење за повремени вртоглавици после прележана корона. Крвна слика сосема во ред, ми препорачаа Бетахистин таблети, но нема некој ефект.
 
Сакам да прашам, се потам премногу под мишки(а не мириса) и рацеве ми се потат дали било топло дали минус секогаш исто и ме фаќа срам. Некој совет да ми дадете како да го намалам потењево ако е можно.
...си направил некоја лабораториска анализа, да речеме на тироидни хормони на штитна жлезда.
 
Некој да сподели некое мислење за повремени вртоглавици после прележана корона. Крвна слика сосема во ред, ми препорачаа Бетахистин таблети, но нема некој ефект.
Можеш да додадеш некој препарат на природна база за зголемување на циркулација во внатрешно уво и мозок но консултирај се со тој што ти ја препорачал терапијата.
 
Последно уредено:
Луѓе, при систематски преглед резултатите особено со крвта топ, се топ и во граници на нормална. Но, ми изелзе некоја патолошка состојба "Hyperglyceridaemia" WTF. Гледам некои ризици на Гугл хорор, само знам треба диета некоја. Да не има некој искуство со oва?
 
Yep, ама прво направи HbA1c & OGTT тестови во Авицена
 
Некој да сподели некое мислење за повремени вртоглавици после прележана корона. Крвна слика сосема во ред, ми препорачаа Бетахистин таблети, но нема некој ефект.

Бетахистинот делува после неколку дена. Меѓутоа внимавај на контра ефектите, јас имав многу мачнини од него, и го прекинав.
Може да се обидеш со Beetroot powder или L-Citrulline, поттикнуваат циркулација и мене ми помогнаа, секако на кратки стази.
 
Денес правев крвна слика и добив малку страшен резултат за тироидната жлезда. Наводно според резултатот имам хипертиреоидизам. Не ни знам да го изговорам а па камоли да знам што значи. Нешто читав но не е доволно за мене.
Дали е нешто опасно и дали ќе морам да посетам ендокринолог, каква терапија би требало да добијам и што понатаму?
IMG_20220315_191324.jpg
 
Прегледај го приврзокот 325260

Ти правеа ехо на неа и дали доколку ти правеле ехо ти кажаа ли дали имаш јазли или е во ред? Во зависност од тоа ќе одредат што понатаму.
 
Сеуште не. Утре ќе правам ехо и Т4. Според резултатот нешто опасно е или не? Матичната ми рече дека ќе ми одределе некоја терапија па според мене не би требало да е нешто опасно. Што мислиш?
 
Последно уредено:
Сеуште не. Утре ќе правам ехо и Т4. Според резултатот нешто опасно е или не? Матичната ми рече дека ќе ми одределе некоја терапија па според мене не би требало да не е нешто опасно. Што мислиш?

Не сум медицинско лице, но од слично искуство со мој близок доколку е во ред ехото доколку е потребно се дава соодветна терапија и се следи состојбата и се прави контрола на секои 6 месеци односно се проверува хормоналниот статус за да се види како се движат вредностите. Се надевам дека ќе се најде некој од членовите на кого тоа му е професија и подетално ќе ти објасни .
 
Сеуште не. Утре ќе правам ехо и Т4. Според резултатот нешто опасно е или не? Матичната ми рече дека ќе ми одределе некоја терапија па според мене не би требало да не е нешто опасно. Што мислиш?
Побарај одговор од @bijons .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom