Дечки здраво,
Нова сум на форумов и извинете ме доколку ја згрешам темава.
Имено, се работи за следново:
Последниве неколку години бев тотално физички неактивна и периодов почнав да трчам на кеј. Се работи за мала километража ( ако може да се рече дека има 1 километар), трчам од после терените за одбојка и фудбал, до палас, тоа е некаде 10 минутно трчање со споро темпо. Кога почнав со трчање, почнав колку можев и зголемував постепено, не се форсирав воопшто...е сега, проблемот е сто еден ден исфорсирав мислам, во еден правец ја истрчав целосно, а на вракање ми останаа уште некои 300 метри ( по моја проценка), и потоа дома осетив болка во десното колено, се работи за некоја болка одма под страничната коска, кога тапкам на местото, значи ништо не свиткав, нема никаков оток, и кога одам малце ме боли местото, на спуштање по скали ме боли. Инаку, трчам со обични патики, не специјално наменети за трчање. Правев пауза од 1 ден, и следниот ден отидов пак. Ја истрчав исто, но сега кога си дојдов дома, многу повеќе ме болеше . Ова ми е трет ден како мирувам, и искрено мислам дека нема некое подобрување.
Дали можеби знаете за што станува збор, или некој да бил во иста ситуација?
Ви благодарам на одговорите