Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Си го слушам и осеќам срцето како ми чука кога ќе легнам,и ме фаќа паника некако.Некој да не имал слично искуство:)

Од искуство, анксиозност. Највероватно не ти е ништо само паничен напад и страв дека ќе ти се случи нешто лошо, на пример инфаркт
 
Последниве денови имам напад на сезонска алергија, пијам лоратадин ама некако не ми помага, дали има некој лек шо би можел да го земам без да одам на доктор? Тоа локалниот стероид - спреј што го даваат -фликсоназе- мора специјалист да го препише, а за да го земам со ова мој термин ќе помине минимум еден месец.
 
Обично чекам барем 8 до 10 саати да поминат од кога пијам апче па да пијам алкохол. Ама ми треба време колку треба да помине. И најчесто пијам по 4-5 чаши жестоко.

Ама питањето ми е, колку време му треба на апчето да се разграде во желудникот и да нема допирна точка со алкохолот :)

Некој стручен на оваа проблематика?
 
Имам едно малку глупо прашање. Од кога ќе се напиеш хелекс, колку време треба да помине за да можеш да конзумираш алкохол, колку време апчето стои во крвта?

И од кога ке престанеш да пиеш алкохол, колку време треба за да можеш пак да се напиеш хелекс?

Целиот период дури пиеш Хелекс не треба алкохол да конзумираш или без разлика дали е Хелекс или друг анксиолитик, антибиотик или сл...Не можеш ти - на терапија со Хелекс и кога сакаш алкохол да пиеш...
 
Брисеви чисти.
Пијам амоксиклав 2х1000 и фолкодин. И поминаа 48 саати од првото апче антибиотик, а мене ми е полошо.
Имате идеја што да направам?
А зошто воопшто пиеш антибиотици кога брисевите ти се чисти?
Антибиотик се одредува на основа на антибиограмот од микроболошкиот брис и се одбира оној антибиотик на кој откриената бактерија покажува најмала резистентност.
Доколку се користи погрешен антиобиотик или без потреба се користи како во твојот случај, нормално дека нема да има никакво дејство. Само штета може да направи.
 
Заради загноено грло, а сега веќе и бронхит.
 
Целиот период дури пиеш Хелекс не треба алкохол да конзумираш или без разлика дали е Хелекс или друг анксиолитик, антибиотик или сл...Не можеш ти - на терапија со Хелекс и кога сакаш алкохол да пиеш...

Не пијам терапија, но понекогаш по потреба пијам хелекс.
 
Си го слушам и осеќам срцето како ми чука кога ќе легнам,и ме фаќа паника некако.Некој да не имал слично искуство:)
Истото е и кај мене. На лекар ми рекоа три пати на ден да земам Б6, па малку од малку се смирува. Исто после физичка активност/вежбање многу подобро се чувствувам, не чука толку силно за да го слушам и осеќам додека лежам:)
 
Приметив дека по односи страшно ме боли главата околу очите, имам мачнини во желудникот, ми се врти свест и ми се повраќа. Веќе неколку пати по ред ми се случува ова, а не земам никакви таблети.
Да сум женско да разберам ама машко....
 
Дали трнење на лева страна особено она рака, вртење во глава како наагло лошење и после тоа убрзано чукање на срцето е симптом за некој мини срцев удар?
 
Последниве денови имам напад на сезонска алергија, пијам лоратадин ама некако не ми помага, дали има некој лек шо би можел да го земам без да одам на доктор? Тоа локалниот стероид - спреј што го даваат -фликсоназе- мора специјалист да го препише, а за да го земам со ова мој термин ќе помине минимум еден месец.
Пробај ги антихистамините Aerius и Allegra.

Loratadine е срање искрено, а упорно него го препишуваат лекариве пошто иде на рецепта. Тој е антихистамин од првата генерација и мене ме правеше поспан и мамурен по цел ден. Aerius од друга страна е лек од најновата генерација на антихистамини со зголемена делотворност и намалени несакани дејства. Финтата е што мора да си го купиш приватно пошто не е покриен од фондот (~200-300 ден за 10 апчиња).

Инаку за алергииве долгорочно решение е само вакцина. Спрееви и антихистамини (апчиња) само ги ублажуваат симптомите, не те лечат.
 
Во ред, фала за одговорот, бев на доктор пошо не можев да издржам, ми даде Цетиризин мислам дека е ОК, ме смири малку. А овие што ми ги препорача ќе прашам во аптекиве, ваљда ги има некаде.
Исто ми закажа за на специјалист (за една недела) :semolam: па ќе прашам таму и за вакцина.
 
до времето или до што е појма неам,ама тешко некако се осеќам,тешко се движам тешко функционирам,не можам да се донаспијам ако не спијам испод 9-10 саати дента сум малаксан,околу 14-15 часот попладне готов сум не можам да функционирам мора да прилегнам,кома спијам околу поласаат,станувам и пак истата малаксаност и слабост

крвна слика редовно на 4-5 месеци вадам,,нема некој резултат лош да излези СЕ е ок перфект,али замор ме тепа леле мајко дури и психички почнува да ми смета ова имам концентрација во мислењето па и зборувањето понекогаш.............некој да се чувствува слично или има идеја што претрага да направам ?
 
Ова се можни симптоми и на намален тестостерон... али не земај здраво за готово - само претпоставка.
 
ок,се знае овде може само некое произволно мислење да се извлече,али може и доста да излезе од помош..........здравството ни е малце во хаос па работата дојде “подобро питај паталец него гаталец“
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom