Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Ако девојчето во моментот немала активна инфекција, односно раничка преку која вирусот би дошол во контакт со твојата кожа, не може да се заразиш. Немаше ли веќе раничка на усните?

Мислам немаше, не се сеќавам. Патем, ако сум НЕ ДАЈ БОЖЕ закачил, кога ќе ми се појави?
 
Мислам немаше, не се сеќавам. Патем, ако сум НЕ ДАЈ БОЖЕ закачил, кога ќе ми се појави?
Можеби кога ќе ти биде опаднат имунитетот (во тек/после настинка, стрес и слично), а можеби и никогаш, зависи од твојот организам.
 
Можеби прашањето не е за овде, ама неможев да најдам ништо слично на форумов (пребарувачот овде на страната ме води на некои неповрзани работи).... Ве молам да ми кажете нешто повеќе за тоа како може мозочен удар да доведе до ампутација на нога?
Благодарам однапред.
 
Бев на операција од слепо црево во ноември 14 дали пречи доколку за празниците се напијам малку алкохол ?
 
Бев на операција од слепо црево во ноември 14 дали пречи доколку за празниците се напијам малку алкохол ?
Пиеш нешто лекови?
 
Имам едно малку чудно прашање :D Доколку си преладен или пример кашлаш и отидеш на доктор и тој те прегледа те слуша со тие на ушите е прашањето ми е дали така може да препознае дали пушиш? Фала :)
 
Ми ги вадеа конците од непцето каj умникот и сега видов дека има мала шуплина коjа се полни со храна а кога ќе jа исчистам длабока е 1,5 cm . Дали е нормално тоа т.е дали ќе се пополни месото со тек на време или треба да одам да го прешиjат?
 
Нормално е, таа е таа дупката шо ти зборев :) ќе се затвори за 2-3 месеца :)
 
На коленото ми се појави топка :eek:

Играев фудбал ( голман сум ) и 2-3 пати паднав на коленото и почна да ме боле...каа го видив испаднав од утакмицата...

Подуено ми е некако у форма на топка...не ми се веруе да е од шо паднав 2-3 пати на него оти пред тоа имам ногу повише пати паднато и ништо не ми било...

Шо може да е...ај ако може некој да ми одговоре побрзо.
 
коленото ти е како балон - настанот бил денеска,најверојатно е внатрешно крварење,треба да одиш на ортопедија каде ќе проценат дали ќе ти ја вадат со шприцеви или ќе ти препораќаат облоги и мирување
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom