Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
4 заб.... Голема болка имав отидов на забар, го отворија забот и ми рекоа дека ке седи отворен и дека треба да го чистам после било каква храна.После имав пак големи болки и отидов на забар ми рече дека инфекцијата се проширила низ коската над забот ,зедов и антибиотик и др нешто нз како се вика. Што им значи ова со ,,се проширила инфекцијата низ коската над забот??:(
Значи дека треба дезинфекција да правиш после секое каснување на билошто.
Ти дадоа некоја течност за испирање на уста?
 
4 заб.... Голема болка имав отидов на забар, го отворија забот и ми рекоа дека ке седи отворен и дека треба да го чистам после било каква храна.После имав пак големи болки и отидов на забар ми рече дека инфекцијата се проширила низ коската над забот ,зедов и антибиотик и др нешто нз како се вика. Што им значи ова со ,,се проширила инфекцијата низ коската над забот??:(
покрај надворешната дезинфекција и нега, тоа значи обично макотрпно лекување, најчесто кај орален хирург пошто матичните забари обично немаат такво искуство и опрема. Внесување на лек низ забните канали до коската (до инфекцијата), со многу долги и тенки као влакно бургиички. Обично таква интервенција не боли пошто најверојатно живците од корените ти се извадени. Кај мене тоа лекување се случи на двапати за пола година и тоа за време на лекувањето 2 пати неделно, некогаш и почесто. Ако после лекување повторно се јави, обично се врши хируршка интервенција на коската (потсекување, така нешто) ама пошто и тебе ти е на горниот заб, зависи како е забот поставен према синусот. Ако синусниот канал е премногу блиску, нема потсекување туку вадење на забот.Обично ваква инфекција не зависи од надворешната нега или миење туку од квалитетот на лекуваниот претходно заб.
Најдобро е да го замолиш матичниот забар ако веќе тој не може да ја спречи инфекцијата да те види орален хирург, а тој ќе ти каже понатаму што и како може, што да снимаш и колку е инфицирано, дал е за лекување или вадење и лекување.
 
Во последно време ми се тресат рацете. Се наоѓам под особено висок стрес и претпоставувам е реакција на истото, но дали е можно и нешто друго дае причина за ова??? И што да преземам за да ,,смирам раце,,:)? Однапред благодарам за одговорот.
 
Намали на кафето :)
 
Здраво ли е да се пие 1-1.5 литро млеко на ден.. го пијам како закуска еден вид помеѓу оброците па да не не е здраво толку многу ако пиеш.. ?
 
Колкава масленост има?
Голема количина е..... 200мл наутро е ок но олкава количина за цел ден е многу.

Немаш дијареа?
 
1.4 или 1.5 % мислам не сум баш сигурен, колку е нормално да се пие да кажеме ? инаку немам дијареа ..
 
У последно време ме болат препониве после фудбал и обично ако многу истрчам за време на меч. Шо да праам? Ајде доктори .. (y)
 
Пред да почнеш да играш загреј се добро, направи неколку вежби за истегнување и нема да имаш проблеми ;)
Исто така болките се јавуваат доколку си физички неактивен или слабо активен некое време и одеднаш се растрчаш.
Ќе те боли еден ден и после ќе можеш да трчаш повеќе :)
 
Не сум неактивен, туку многу трчам, вчера трчав и на кеј 10 километра, денес фудбал 2 саата, па може и да биде од многу напор, а?
 
Во последно време ми се тресат рацете. Се наоѓам под особено висок стрес и претпоставувам е реакција на истото, но дали е можно и нешто друго дае причина за ова??? И што да преземам за да ,,смирам раце,,:)? Однапред благодарам за одговорот.
Mожно е да е од стрес, затоа земи си чај од валеријана и потруди се да спиеш минимум 7 часа.
http://www.alkaloid.com.mk/valerian-miks.nspx
 
Прашање.Дали доколку те боли заб,или имаш расипан заб,може да се пренесе на синуси или нос?
 
Знам за посериозна работа, доколку имаш расинпан заб од самиот гној или инфекција, се шири значи до мозокот и се умира, додека за ова незнам.

Но не сум стручњак и ќе оставам друг да ти помогне :)
 
трпнење на рацете и нозете.. ладни бледи раце... што би било ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom