Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
А кој ти ги препорачал?
Општо се препорачуваат за лица кои многу јадат, а нема резултат од толкавото јадење па му помагаат на ГИТ полесно да ја разложи и апсорбира храната, поготово ако имате забрзана перисталтика. Плус тоа често спортувам па ми е битно храната што ја внесувам да "влезе" во системот
 
ако ти е дијагноза, и мораш како лек, тогаш идат на рецепт од доктор.
како додаток во исхраната, како потребен избор - во облик на витамини и слично...
ги има и дирекно со име Дигестивни ензими во кои се подразбира она комплетното разложување во попрости материи
ваквите работи во аптека се бараат, ги има сиве три...
 
Н

Нене не ми се дијагноза, туку како додаток во исхрана за спортист. Значи под кое име да барам во аптека?
 
Ај малце помош ... Значи сабајлево играв фудбал бранев .. И ракава ми ја превиткаја и сеа ме болиии многу и ако се пофатам крцка.. Осеќам повеќе болка кога ќе ја кренам раката отколку ко че ја потпрам на неш... чувствувам како срцето да ми тропа во раката :D , значи дали е потребно да одам во Брза Помош или на Болница? :(
 
Ако имаш дома аналгин, напиј се сега одма едно.
Ако продолжат болките и не можеш да заспиеш за саат-два и боли многу, тогаш оди.
 
Ај малце помош ... Значи сабајлево играв фудбал бранев .. И ракава ми ја превиткаја и сеа ме болиии многу и ако се пофатам крцка.. Осеќам повеќе болка кога ќе ја кренам раката отколку ко че ја потпрам на неш... чувствувам како срцето да ми тропа во раката :D , значи дали е потребно да одам во Брза Помош или на Болница? :(

Кој дел од раката?

Дали е рачниот зглоб? Дали лакотниот зглоб, дали рамениот зглоб?

Може да се работи за луксација (исчашување) на овие зглобови (кои одат со силнаа болка), па може да биде потребна медицинска помош... Доколку болката сеуштене се намалила, туку е со ист неподнослив карактер, или се влошува, правец до градска болница, воена болница или државна болница.

Луксацијата на рамениот зглоб обично се репонира (враќа на истото место) обично под анестезија, без да биде извршен никаков оперативен зафат, само колку да не чувствувате болка при репозицијата.

Поздрав!
 
Рачниот зглоб ми се превитка дланкава, ама сабајлево некако како да се намали болкава али сепак чувствувам болка..
 
Утре јави се на лекар, нека ја снимат, и ке видиш за што се работи, не се играјте често од мали работи поради негрижа се прават големи, лично мислам дека не ти е ништо страшно, но за секој случај
 
ако може помош околу ова..значи се работи за подуеност на нозете и двете во пределот кај глуждот...обично се случува по долго патување,стоење едноствано по долго оптеретување на нозете..после се осеќа тежина на нозете реков во кој дел и се подуени..мислам дека ве преближив колку олку..што може да е проблемот..? срцето и бубрезите заедно со анализите на мочта се ОК..останува проблем со циркулацијата или што друго не знам..ако може некој да помогне да каже слично ситуација или..благодарам однапред .
 
Последнава година, после попладневно спиење имам некое чудно чувство, како да ме чеша цело цело внатрешно, како да ме пецка. На интернет видов дека и други луѓе го имаат тоа чувство, но не е поконкретно опфатено. Интересното е што после ноќно спиење не се случува ова.
Мислев дека е затоа што спијам со облека на себе, но еднаш пробав облеков и пиџами и истото беше.
Значи чувствувам пецкање во мускулите, низ цело тело и низ коса :confused:
 
Јас имам голем проблем - неможам да спијам. Не се шалам, значи легнам изморен пример 2 ч. а станам во 5-6 ч. наспиен. Има лек или ова е само некој период?
 
Често се случува тоа, не е невообичаено, при долго оптоварување на нозете или при послаба циркулација (кога патуваш, при седење нозете се превиткани и се отежнува циркулацијата во потколеницата, што предизвикува застој на течност). При долго патување се препорачува да се соблечат обувките и да се мрдаат стапалата колку што е можно (да се прават кружни движења и да се движи стапалото нагоре-надолу). По подолготрајно стоење треба да се подигнат нозете и да се користи некој од оние гелови за разладување на стапалата и намалување на отокот (имаше едно време реклама на телевизиите, не можам да се сетам на името на гелот, но во аптека ако побараш сигурно ќе знаат што да ти препорачаат). Ако отокот е голем најдобро е да се направи еден рутински преглед, прво од матичен доктор, а ако е потребно понатаму и од специјалист.
 
Здраво. Барав тема но неможев да најдам, па морав да се обратам тука! Последната седмица,сум забележал нешто што ме зачуди па решив да занемарам страмот и да си прашам по форумов. Приметив дека при оргазам јас неможам да ејакулирам! Имам 17 и дали ова е само период на моја возраст? ПОМОШ!
 
Вие имате проблеми со анејакулација, таа може да има психичко или фчизичко по текло. Дали воопшто неме ејакулација, или некогаш се јавува некогаш не? Дали тоа се случува за време на мастурбирање или за време на секс со партнер? Како што реков ова може да се појави од преголем стрес или психичка напнатост, но може да биде попречена од физички причини исто така и дијабетот може да биде причина за појава на оргазам без ејакулација, мој совет е да побарате помош со тоа што ќе се одреди потеклото на проблемот дали е на психичка база или има физичка препрека, доколку е психичка се лекува со неколку поедноставни зафати, доколку е физичка нај веројатно ќе треба да се пристапи со оперативен зафат за отстранување на препреката...
ПОЗДРАВ
--- надополнето: Jun 22, 2011 8:00 AM ---

--- надополнето: Jun 22, 2011 8:03 AM ---
Јас имам голем проблем - неможам да спијам. Не се шалам, значи легнам изморен пример 2 ч. а станам во 5-6 ч. наспиен. Има лек или ова е само некој период?
Најверојатно и кај вас се работи за психички проблем, доколку имате големи психички притисоци, ментална оптеретеност, или пак сте проживеале некоја скорашна лоша случка, овој период е минлив, пробајте да си помогнете со викенд на планина, топла купка, опуштење со некоја по релаксирачка работа, се со цел колку е можно да се заборават проблемите, бидејќи тие се главната причина за ваквата реакција на мозокот
--- надополнето: Jun 22, 2011 8:08 AM ---
ако може помош околу ова..значи се работи за подуеност на нозете и двете во пределот кај глуждот...обично се случува по долго патување,стоење едноствано по долго оптеретување на нозете..после се осеќа тежина на нозете реков во кој дел и се подуени..мислам дека ве преближив колку олку..што може да е проблемот..? срцето и бубрезите заедно со анализите на мочта се ОК..останува проблем со циркулацијата или што друго не знам..ако може некој да помогне да каже слично ситуација или..благодарам однапред .
Ова е нормална појава, доколку се јавува често пробајте да ја подобрите циркулацијата со пиење по една чашка ракија(домашна, приодна) од 20-30 мл наутро
--- надополнето: Jun 22, 2011 8:12 AM ---
Последнава година, после попладневно спиење имам некое чудно чувство, како да ме чеша цело цело внатрешно, како да ме пецка. На интернет видов дека и други луѓе го имаат тоа чувство, но не е поконкретно опфатено. Интересното е што после ноќно спиење не се случува ова.
Мислев дека е затоа што спијам со облека на себе, но еднаш пробав облеков и пиџами и истото беше.
Значи чувствувам пецкање во мускулите, низ цело тело и низ коса :confused:
Појавувањето на пецкањето може и не мора да биде симптом на некоја болест, сепак моја препорака би била да појдете во болница и да направите детални анализи и испитувања што ќе ви бидат препорачани
 
Фала докторе, ете за викенд сум на Осогово па ќе видиме како ќе биде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom