Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Веќе една недела имам вртоглавица,некоја нелагодност во задниот дел на главата кај малиот мозок, чувствувам слабост, посебно во рацете и нозете. Притисокот ми е 70 со 100 негде. Никогаш вакво нешто ми се нема случено досега. Крвта ја проверував сега брзо ми беше во ред. Ве молам за совет!

Вртоглавицата ти е поради некои проблеми со центарот за рамнотежа, иди на ушен лекар.
Притисокот ти е многу низок, и поради тоа можда ти се јавува вртоглавица. Пробај да го покачиш преку храна....Амди Бајрам ( Кока Кола), благо...
Ова нема никаква врска со составот на крвта...до притисокот е.
 
Можда синусите ... јас имав проблеми со синусите и се осеќав е така омалаксано рацете нозете ме болеа и по нагли стнувања или движења имав вртоглавици и ми се матеше се пред мене ... можда и не ти се проблем тебе синусите ама пак провери си ...
 
Ок, по втор пат...

Нешто повеќе од два месеци имам болка во петицата, но не е константна, т.е. обично после подолго пешачење или трчање ме боли (по последниот пат кога бев на трчање два дена неможев нормално да одам, т.е. куцав :/ ).
Пред некои три недели бев коснозглобна, докторот ми кажа дека имам рамни стапала и можно е болката да е предизвикана од тоа, но веќе две недели носам ортопедски влошки кои ги порачав оттаму, па пак имам болки, исто како порано.
Any ideas?

ми се десило ова и мене ама од стоење, намали ја малце телесната тежина и ке пројде ...до тогаш трчај на прсти
--- надополнето: Jun 16, 2011 1:52 AM ---
Како и зошто мускулите на нозете ги фаќа грч? Поточно листовите... ?

најчесто е од замор или од ладно ...не ги оптеретувај нагло
 
ми се десило ова и мене ама од стоење, намали ја малце телесната тежина и ке пројде ...до тогаш трчај на прсти

Мислам дека немам проблем со прекумерна тежина, ама сепак фала, ќе пробам (:
 
Мислам дека немам проблем со прекумерна тежина, ама сепак фала, ќе пробам :)
две-три килца се во прашање не повеке ...немам ни јас проблем со килажата но ми се случи да работам нешто и цел ден стоев во место на нозе (бос) и вечерта кога газев на петите осеќав болка ...после извесно време имав намалено некое килце (случајно) и го работев истото ама вечерта скоро и да не осеќав ништо ...знаев дека ми било од замор и преоптеретеност ...иначе сум трчал и по 5-6 км и не ми било ама баш ништо, не ги оптеретувам толку петите туку предниот дел на стапалото
 
Се работи за дерматитис, ми дадоа маст Бетасалик, ама некако мислам дека бавно делува, па би сакала да знам која дрга маст би можела да помогне во овој случај, и секако некој совет од некој што е поупатен или имал слични проблеми, со оглед на тоа што докторот кај кој бев не беше мн заинтересиран.
 
Веќе една недела имам вртоглавица,некоја нелагодност во задниот дел на главата кај малиот мозок, чувствувам слабост, посебно во рацете и нозете. Притисокот ми е 70 со 100 негде. Никогаш вакво нешто ми се нема случено досега. Крвта ја проверував сега брзо ми беше во ред. Ве молам за совет!
Морате да посетите лекар, паѓањето на притисокот може да биде симптом, вртоглавицата и другото што го набројавте е резултат од падот на притисокот,задолжително направете детална крвна анализа, значи ова мора да го направите, па потоа од резултатите можат да се да се претпостави или да се одреди точна диагноза
ПОЗДРАВ
 
ако сакаш доизјасни се - паѓањето на притисокот,те молам кажи ми за каков проблем би можело да станува збор
 
Веќе една недела имам вртоглавица,некоја нелагодност во задниот дел на главата кај малиот мозок, чувствувам слабост, посебно во рацете и нозете. Притисокот ми е 70 со 100 негде. Никогаш вакво нешто ми се нема случено досега. Крвта ја проверував сега брзо ми беше во ред. Ве молам за совет!

Можеби чувството на вртоглавица потекнува од честата промена на времето, што по default би Ве дефинирано како метеоропат.

Но, со оглед на фактот дека не Ви ја знам целокупната историја, а и самите Вие познавајќи се себе си, не би се класифицирале како метеоропат, тогаш вртоглавиците Би можеле да потекнуваат од долго стоење на сонце - сончаница, дехидратација, замор... и слич ни состојби.

Доколку втоглавицата не поминува со одмор, пиење на течности и витамини - рехидрација, може да се консултирате со оториноларинголог за евентуално испитување на вестибуларниот апарат.

Вртоглавицата може да биде симптом на преднадразнет вестибуларен апарат.

Поздрав!
 
Вртоглавицата ти е поради некои проблеми со центарот за рамнотежа, иди на ушен лекар.
Притисокот ти е многу низок, и поради тоа можда ти се јавува вртоглавица. Пробај да го покачиш преку храна....Амди Бајрам ( Кока Кола), благо...
Ова нема никаква врска со составот на крвта...до притисокот е.
Притисокот се покачува со солено, а не со благо.
Зошто вртоглавиците не би имале врска со составот на крвта?
една обична хипогликемија, или пад на железо, микрограм под ниво, ќе те малаксаат и ќе ти пореметат рамнотежа.
 
пред легнување осетив некоја тапа болка во стомакот (кај желудникот) кај 4-5 сабајлево се разбудив страшно ме болеше желудникот посебно ако бев свртен на таа страна, пред да легнам јадев многу зачинета храна со мн црна пипер и се напив витамини (пивски квасец 3x2 денот) мислам дека е од тоа.
Сега станувам и не чивствувам никаква болка, дали треба да одам на лекар ?
 
Најверојатно ти е од храната која си ја конзумирал. Си јадел касно, си го преоптеретил желудникот и плус тоа не било некоја лесна храна. Ако повеќе не чуствуваш болка најверојатно е од тоа, но ако имаш повторно болки посети лекар. И внимавај нареден пат не јади пред спиење ќе имаш подобар сон.
 
Каде може да купам ДИГЕСТИВНИ ЕНЗИМИ кои помагаат во варење. На 10 места досега прашав никој незнае :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom