Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Од средата си имам мака :-(
Имав покачена температура околу 37.5 - 38, ме болеше грло и имав вртоглавици. Докторот ми даде упати за крвна слика и ушно, ме слушаше и рече дека нема ништо на плуќа. Резултати од ушно никаков проблем од нивен аспект, крвна слика се е во нормала едино CRP ми беше 15.5 и ACO <50.1 . Веќе во четвртокот ми беше подобро, не ме болеше грло, само носот ми течеше па не ни земав никаква терапија само риностоп, фервекс и чајчиња. Е после тоа викендов успеав и да изгорам на сонце, па денес покрај што сеуште ми тече нос и поткашлувам, имам и температура највисока 37.2 но не пониска од 36.9. Не знам дали воопшто пак да одам по доктори, вака сум ок, само истоштена. Дали е можно темп. Да е од изгореново и општо настинкава, или има потреба од загрижување?
До 37.5 се смета за нормална телесна температура. Многу е веројатно да ти е ете, минимално, но покачена од тоа што си изгорела на сонце. Веројатно е најобична настинка, нема потреба од паника. Ако евентуално трае подолго тогаш оди пак на доктор.
 
Еј здраво,
Некој да ми растумачи нарочито делов трослоен ендометриум што значи. Ова е дијагноза:
uz uterus avfl, endometrium trosloen Ovar dex eden folikul 12mm (12ti den od MC)
K-UZ na 14ti den.

Фала ви ептен.
 
До 37.5 се смета за нормална телесна температура. Многу е веројатно да ти е ете, минимално, но покачена од тоа што си изгорела на сонце. Веројатно е најобична настинка, нема потреба од паника. Ако евентуално трае подолго тогаш оди пак на доктор.
Не може 37.5 да е нормална телесна температура. Таа температура бута, те прави малаксан, немаш апетит, неподвижен. Но, секој организам не е ист секако. Сум читал дека има луѓе што цело време живеат и функционираат со покачена телесна температура и никако не можат да ја спуштат и покрај сите испитувања. Јас на 37.2 сум како убиен. Чувстувам мачнина, грозница, немам апетит, па искрено не би сакал да знам каква е таа нормална температура 37.5:D
 
Не мислела нормална за живот туку нормална и да кажам толерантна пред да се дејствува. Се препорачува за таа температура да не се превзема ништо бидејќи тогаш ензимите, антителата и сите медиатори во телото се поефикасни.
 
Сакав да прашам како би можел да намалам триглицериди, холестерол ast и alt - Бев на анализи пред 1 месец и ми открија дека овие 4ри работи се зголемени - започнав со диета односно да не јадам многу мрсно дека последно време се давев во мрсно и црвено месо - и почнав да пијам силимарин лек кој ми го дадоа на лекар... Ме испитаа да не имам хепатит каде што покажаа анализите дека немам.. Пред недела дена пак бев на лекар и пак ми беа покачени истите вредности освен ast-то кое беше во нормала... Што да правам за да ги намалам овие вредности? Ми забранија и физички напор и вежбање дур не се смалат овие вредности... Се советував со луѓе од кои неколку ми кажаа да земам јаболков оцет и да пијам по една лажица сабајле на гладно... Ваш совет што да правам?
 
Пишував пред месец-два за проблемов ама уште не најдов решение :/ бев и на лекар ми даваа и апчиња некакви и капки за нос и пак никаков ефект немаше. Проблемот е тоа што цело време една од ноздрите на носот ми е затната и дишам само преку едната, де лева де десна важно скоро никогаш (ептен ретко) двете ми се таман да можам да дишам слободно..

Да не имал некој сличен проблем и како го решил ? Немаше да замарам толку со проблемов да не спортував редовно, сепак сакам со цел капацитет да вдишувам воздух.
 
ко ќе ми прај и мене така носот шмркам малце сода бикарбона и одзатнува..........утре пак
 
Сакав да прашам како би можел да намалам триглицериди, холестерол ast и alt - Бев на анализи пред 1 месец и ми открија дека овие 4ри работи се зголемени - започнав со диета односно да не јадам многу мрсно дека последно време се давев во мрсно и црвено месо - и почнав да пијам силимарин лек кој ми го дадоа на лекар... Ме испитаа да не имам хепатит каде што покажаа анализите дека немам.. Пред недела дена пак бев на лекар и пак ми беа покачени истите вредности освен ast-то кое беше во нормала... Што да правам за да ги намалам овие вредности? Ми забранија и физички напор и вежбање дур не се смалат овие вредности... Се советував со луѓе од кои неколку ми кажаа да земам јаболков оцет и да пијам по една лажица сабајле на гладно... Ваш совет што да правам?
Ако не биддува со диета ќе почнеш да земаш лекарства за холестерол и тоа е.
 
Ај ако знае некој да ми пише за што се користи Вазелин Балзам од клиничка аптека... Во бела кутија е, со некоја боја како кајсија... Фала :)
 
Она што го рекламираат како Хунза Масло се има докажано како добро или мафтосуваат само? Највеќе поради тоа што Б17 демек бил добар за доста работи и процеси во телото.
 
Мислам дека мафтосуваат...Б17 е дел од Б витаминскиот комплекс...
Јас секогаш се запрашувам...А како жиеевме досега без него ?...:)[DOUBLEPOST=1405492159][/DOUBLEPOST]
лек за плускавци ?
Трпение и време :)
 
Луѓе помош!!!

При наведнување на главата на десно осеќам мала, но гадна болка, поточно веднаш под главата. Прееска се напипав додека ја наведнав главата и фатив нешто како меко елипсовидно топче. Немам никаков оток, но до прееска не ми беше ништо, поточно немав никаква болка.

Што може да е? Чаре?:)
 
Не може 37.5 да е нормална телесна температура. Таа температура бута, те прави малаксан, немаш апетит, неподвижен. Но, секој организам не е ист секако. Сум читал дека има луѓе што цело време живеат и функционираат со покачена телесна температура и никако не можат да ја спуштат и покрај сите испитувања. Јас на 37.2 сум како убиен. Чувстувам мачнина, грозница, немам апетит, па искрено не би сакал да знам каква е таа нормална температура 37.5:D

Медицински гледано, се смета за нормална :) Инаку и јас бев како потепана.
Издржав уште 3 дена, на крај си пиев антибиотик 3 дена и се среди. И CRP е нормално сега, и температура нема :)[DOUBLEPOST=1405526378][/DOUBLEPOST]
Луѓе помош!!!

При наведнување на главата на десно осеќам мала, но гадна болка, поточно веднаш под главата. Прееска се напипав додека ја наведнав главата и фатив нешто како меко елипсовидно топче. Немам никаков оток, но до прееска не ми беше ништо, поточно немав никаква болка.

Што може да е? Чаре?:)
Може прашањево е too obvious, ама да не си се удрил некаде, а да не знаеш? (ми се случува на мене, затоа прашувам).
 
Медицински гледано, се смета за нормална :) Инаку и јас бев како потепана.
Издржав уште 3 дена, на крај си пиев антибиотик 3 дена и се среди. И CRP е нормално сега, и температура нема :)[DOUBLEPOST=1405526378][/DOUBLEPOST]
Може прашањево е too obvious, ама да не си се удрил некаде, а да не знаеш? (ми се случува на мене, затоа прашувам).
Се немам удрено на тоа место.... :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom