Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Крв, серумско железо - се’ е топ. И јас мислам да не е ради замор, ама чудно ми е, не сум три дена изморена. Можно е ради облачињата?
Ако страдаш од низок притисок :)))
 
ме боцка во градите кај левиот бел дроб, на моменти знае толку остри боцкања што неможам да се помрднам или да земам воздух, и тогаш плитко земам воздух, затоа што ако земам повеќе мислам дека ќе ми пукне нешто внатре, пробам малку по малку да земам скрос воздух и нешто внатре се слушна крррцц и после помина болката, можев да земам длабоко воздух. Ама после некое време пак така ќе се направи или нешто слично но, таа болка веќе неколку дена не исчезнува.

Што може да биде?
 
Имаш ли шум во ушите? Скоро да си имала настинка?

Настинка - не. Да не се подречам, имунитетот ми е одличен. Шум имав баш сабајле во левото уво, т.е. зуење. Ама мислам дека е до увото некој проблем, постојано нешто ми се случува со тоа уво.
--- надополнето: 20 февруари 2013 во 19:46 ---
Девојче, за да бидеш трудна треба да имаш односи со машко. Го знаеш тоа така? Сигурно не си трудна немај гајле ;)

Детенце, додека ти постираш слики во темата за најсекси газиња секое утро, јас имам секс со мојот партнер. „Стравот“ ми е оправдан и на место. Престани да ме следиш по темите, патетичен си.
 
denivas напиша:
Ајде ако може препорака и за некој др.Интернист...​
Доктор Николов од центарот Срце.[/quote]

Ako може некој од државна!Во последно време многу дадов по приватни доктори па не сум во можност да одам кај него.Друг совет некој....
 
Настинка - не. Да не се подречам, имунитетот ми е одличен. Шум имав баш сабајле во левото уво, т.е. зуење. Ама мислам дека е до увото некој проблем, постојано нешто ми се случува со тоа уво.
.
Проблемот најверојатно е во увото, ќе треба да се консултираш со матичниот па ако има потреба и со УНГ специјалист за да се утврди дополнително за каков тип на вртоглавица се работи, тоа ќе помогне да се препише соодветна терапија.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 08:45 ---
ме боцка во градите кај левиот бел дроб, на моменти знае толку остри боцкања што неможам да се помрднам или да земам воздух, и тогаш плитко земам воздух, затоа што ако земам повеќе мислам дека ќе ми пукне нешто внатре, пробам малку по малку да земам скрос воздух и нешто внатре се слушна крррцц и после помина болката, можев да земам длабоко воздух. Ама после некое време пак така ќе се направи или нешто слично но, таа болка веќе неколку дена не исчезнува.

Што може да биде?
По начинот на кој што кажуваш болката најверојатно е од плевралната обвивка која ги обвива белите дробови, не е нешто страшно, но би било добро да отидеш кај матичниот да те преслуша.
 
Здраво дечки :)

Имам едно прашање.
На еден мој другар на главата му се појави едно кругче ( радиус 1 cm ) блиску до темето и на тоа место делумно нема коса.
Значи викам делумно зошто стварно нема, но му растат нови влакна, и до сега напредуваат, сигурно имаат 2 cm пораснато, баш прееска го видов.

Е сега бил на доктор, и му кажале дека станува збор за алупеција, но колку што го знам јас до сега немал никакви проблеми со косата, има навистина бујна коса и ми кажа дека незнае како дошол до таа состојба.
Докторот му кажал дека може да биде од стрес, од расипани заби.

Беше кај мене и е малце испаничен бидејќи на тоа место полесно му паѓа косата, и кога ќе падне некое влакно е такво мртво со бела боја на крајот, а нема проблеми со косопаст на другите места.

Е сега прашањето ми е:
Дали тоа може да се прошири ?
И дали има можни последици по здравјето ?

Благодарам однапред
 
За ширење може да се прошири, за последици по здравје не би рекол. Имаше народен лек за тоа косопаст ама ич не ми текнува како беше. Да се распрашам ќе пишам.
едит:
Некој бербер имало на бит-пазар као имал некој лек. Во секој случај и лекар, дерматолог да го погледне да му препише нешто ако има потреба.
 
Фала ти.
Ај те молам ако го најдеш лекот пиши ми го :)
 
А превиткав ногата, фудбал играв...бааѓи а превиткав и пукна нешто кај зглобот.

Малце ми е подуена и боле..шо може да е?
 
А превиткав ногата, фудбал играв...бааѓи а превиткав и пукна нешто кај зглобот.

Малце ми е подуена и боле..шо може да е?
Држи мраз, ако не спадне мразот и намали болката, оди снимај ја.
 
А превиткав ногата, фудбал играв...бааѓи а превиткав и пукна нешто кај зглобот.

Малце ми е подуена и боле..шо може да е?
И мене ми се има случувано друже истото и тоа неколку пати на десната нога.
Секогаш кога играв со стартки фудбал на физичко морав да ја превиткам, згазнував лошо и после тоа почнува да се дуе и боли.
Не го сфаќав јас многу сериозно тоа, за неколку дена поминуваше, само внимавај нареден пат.
 
Ваше мислење кое масло е подобро за коса Бадемово или Кокосово или пак има и друго??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom