- Член од
- 7 март 2009
- Мислења
- 1.224
- Поени од реакции
- 900
Орочив 20 иљади евра со 2% годишна камата во NLB на 13 месеци, значи околу 435 евра камата после истекот на тие месеци, ми рекоа дека вообичаено каматата на девизни штедни влогови им била 0,6% ама за нови штедачи била промотивно 2% .....Парите се поклон од стариот мој, јас сум ополномоштен и од неговата сметка префрлив 20 бона на мојата и ги орочив,е сега колку е паметно ова не знам, само ме зачуди што банкарската чиновничка ја продупчи штедната девизна книшка на татко ми (како да ја поништи а тоа ме исплаши во моментот бидејќи на неа останаа 21 иљади евра), ми кажа дека тоа била стандардна процедура?! (ова нема никаква логика според мене ама ајде).....Дали некој знае зошто банките го прават ова? Зарем не требаше да ми даде нова штедна книшка со новиот износ на неа (зборам за штедната на татко ми од која ги префрлив парите), однапред благодарам на одговорите