Девица до прва брачна ноќ

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да бидат девици до првата браќна ноќ ама само ако таа ноќ се деси на 18 години.
 
Нема повеќе девици,мислам и оние што се прават дека ќе издржат на крај ќе попуштат ама тоа нема да биде на првата брачна ноќ.

Девица до прва брачна ноќ сега повеќе е приказна за добра ноќ.:)
 
Кој ре на 18 години ТО сеа на 15-16 се кинет пак не ке дочекет 24-26 дур не се мажет.

Мислам не зс сепак ХОРМОНИВЕ РАБОТЕТ па сеа видитЕ вие
 
ejjjjjj pa do koga so tie razmisluvanja,koj vek sme zenata trebalo da se cuva do prva brakna nok hahahaha.ne se slozuvam so toa.ZENI samo napred koja kolu saka neka se .......
 
Јас не сум за тоа дека треба да се биде девица до брак.Прво и основно за јас да земам некој за маж,треба да ми одговара во секој поглед.Тоа значи дека треба и сексуално да ме исполнува.А како јас ќе го дознаам тоа ако сум девица до прва брачна ноќ?Башка зашто да се лишувам од задоволство додека да стапам во брак и да не се запознаам со мојот партнер подобро.Водењето љубов создава емоции и се зацврстува врската се повеќе и повеќе.Сигурно има и други причини зашто го застапувам ова мислење,ама овие се главните :wink:
 
Малку е застарено ама сепак вредно. Но за жал речиси воопшто не применливо. Многу е мал бројот на таквите девојки.
 
Најчистото нешто! За жал воопшто не се применува.
 
Абе ајде - глупости!
И кое е значењето на таа -девица до прва брачна ноќ- фора? Дека со тоа ќе се докаже нејзината невиност, целосна посветеност на мажот (наводно вистинскиот и единствениот на нејзиниот живот!) итн? Па колку само бракови се распаднале и значи ли тоа дека ако секоја девојка треба да биде девица пред брак, нема да има можност да стапи во брак повторно по распаѓање на претходниот? :zid:
Бидејќи не живееме во свет каде партнерите се бираат според убавината, материјалниот статус или не знам, репутацијата на семејството во селото, ние стапуваме во врски и си бираме партнери според наши критериуми, а сексот како една важна фаза од сечија врска, во одредени случаи е и решавачки за опстанокот на врската! И што кога се би било во ред во нечија врска, а по стапувањето во брак, откријат дека едноставно нема хемија на полето на сексуалноста на партнерите? Ако сакате другарски брак - само повелете! Да не се разбереме погрешно - брачните партнери треба пред се да бидат другари, ама нели треба и страста во креветот да им цути! Значи дефинитивно НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ со фората дека девојката треба да остане девица до првата брачна ноќ и момците на кои оваа замисла им е тврдоглаво вкоренета во главата НЕ СЕ на листата на кандидати за мој маж! :baeh:
А пак тоа ласерско ресоздавање на хименот е најголема глупост
на денешното општество, кое нели ни налага слобода на личноста, отворен ум и гледање напред! И зошто би му кажувала на секој мој нареден партнер дека ми е прв? Демек со тоа си ја зголемувам вредноста? I don't think so! :nenene:
 
Ако бидам со некоја (а да не знаам да речеме дека е девица), првата брачна ноќ...и да видам крв..ќе си речам којзнае колку силно сум ја...таквовал:)

Сакам да кажам...

НЕМА ТАКВО НЕШТО и не треба да има!

Тхе енд...
 
Тоа го оставам на секоја девојка да си одлучи поединечно.
Сме разговарале на други теми, во денешно време, кога младите имаат први сексуални искуства. Значи повеќе ќе нема склопување на бракови.
Дајте да им овозможиме и на девојките да уживаат, да не се оптоваруваат со тоа дали ќе бараме да биде девица или не.
И тие се човечки суштества и тие сакаат да уживаат во сексот како и ние.
Затоа девојки уживајте и не се секирајте. 21 век сме. Кој гледа на такви работи - откачете го. :tapp:
 
Ги почитувам тие шо донеле одлука да се девици до првата брачна ноќ, но јас лично сум против.Сепак треба да се проба да ќе им ојт сексот па после брак :pos:
 
Има едноставно објаснување за целиот "феномен".. порано порано, девојките обично се земале на возраст од 16 до 20 години; над тоа биле "стари моми". Затоа, срамота било 16 годишна девојка да му се дала на некој пред да се омажи, на страна тоа што немало контрацепција, па неретко почнувало и мешето да расте :)

По некое време почнале да се "освестуваат" жените, да бркаат кариери, па старосната граница за влегување во брак се покачила неколку години, а обичајот "крвав чаршав" останал. Додајте на тоа и поголема сексуална слобода, па ќе видите колку таквото размислување е назадно, застарено, неважечко во денешни услови..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom