El 'Borracho
Riot Maker
Вака. Мајка ми е наставник на деца до четврто одделение ( или петто како иди сеа ова со деветолеткава ) и баш сега прегледуваше писмени вежби. Зедов да прочитам од едно и се искинав смеење и си реков морам да го споделам и со вас... инаку некои печатни и граматичи грешки се намерно оставени ( ја доловувам целосната слика )
ако знајте и вие некое вакво детско бисерче слободно пишете

Мојот омилен предмет
Мојот омилен предмет ми е ликовно: затоа што јас сакам кога ќе пораснам да бидам уметник. затоа што многу убаво цртам,затоа што уметниците многу и наградуват затоа што ќе купи некој човек и ќе се фали дома со мојата слика што сум ја сликав јас. Ќе бидам нај познат во целата Макдониа и ќе шетам низ цели држави.