Кога е дерби во прашање, секогаш е тешко да се прогнозира како би завршило. Дали ќе биде 1-0 за Интер, 2-0 , 3-0 за Интер. Кој би знаел.
Ќе дадам коментар за натпреварот во секогаш популарниот "форумско-тренерски" формат:
- Двата тима сменија многу сезонава и имаат нови тимови што не знаеме како ќе играат.
Интер го смени тренерот........ по 3 пат......... во една сезона. Досега во новата сезона не сме го смениле ниеднаш, што јасно покажува дека тимот се движи во нов правец.
Купивме многу нови играчи, бирани по принципот "од 10, еден мора да се погоди", некои си заминаа (по некоја случајност се бразилци). Најголем дел од нив се ок, додека другите се Мудингаи.
Се интензивираше политиката со форсирање на млади играчи како : Занети, Камбијасо, Самуел, Милито, Станковиќ (овој не го форсираат за сега ама сите го спомнуваат), Паласио.
Има промени и во менаџментот на клубот. Кордоба веќе не седи на клупа во дрес, туку во одело. И ја има можеби најтешката работа во целиот стручен штаб......... да го плесне по гз играчот што треба да влезе во игра, во знак на одобрување.
Се на се позитивни промени.
Милан исто смени многу.
Ги шутнаа сите ветерани во тимот во брза и одлучна акција, побрзо одколку што на Берлускони може да му се дигне. На нивно место купија све што беше бесплатно и два-тројца црнци очигледно, кои судејќи по тоа колку играат, веројатно веќе се "преквалификувани" за да работат на нафтена платформа.
Одлучија, да видат како им било на Интер во минатото, со тоа што го трампаа Касано за Пацини (и доплатија).
Си заминаа и најважните двајца играчи во тимот, Ибрахимович и Тијаго Силва. Барбара остана со дилдото во рака. Уште незнам кое од тие две нешта предизвика повеќе емоции во Милан.
Генерално тимот личи на pre- Берлускони Милан, за кој никој од нас не бил роден да го види, па затоа сите му се радуваме сега.
Е сеа, судејќи по формациите што се вадат по интеренет, јасно е дека ќе има голема битка на средината на теренот вечер, и тоа помеѓу Касано и Милито и Шарави и Боатенг. Другите ќе се бранат од imaginary тим што напаѓа.
Се надевам и дека ќе има гнасна, одвратна и грда игра на двата тима, за да не ми биде криво што ќе го пропуштам натпреварот.
