И повеќе од совршен,како створен е за спиење,или евентуално дремење,лежење у кревет,без око да ми трепне за обврски и слично,само да си лежам или уште подобро спијам,а надвор да врне и уште повеќе да ме заспива.
Само заради ова обожавам дождливи денови,тмурно е,небово сиво,воздухот не премногу ладен,доволно колку само за да се ужива у ќебето кое ме обвиткува,и иако не е тивко,си замислувам тишина,што ме тера уште повеќе на спиење...
А сега да се вратам назад у реалноста,имам за учење,така да ништо од спиењето,лежењето,одмарањето.Заш нема вакви денови у лето бе?Мора летово да биде неподносливо топло.Не важи,не играм вака.