Денес е Бадник - Коледе. Кај кого се падна паричето?

Статус
Затворена за нови мислења.
На татко ми му се падна. Никогаш ниту ми се паднала, ниту веруем во нејзината моќ.:turn:
 
Кај мајка ми, жива и здрава да нѝ е. :) Многу ми е мило, многу време не ѝ имаше паднато.

Иначе околу местењето мислам дека стварно не е фер и не е коректно да се прават такви местенки, малите деца треба уште од тогаш да се учат дека во животот не е баш сè така лесно и дека секогаш ним ќе им биде најдоброто најдостапно, дека се примарни во секој поглед. Кога ќе прифатат дека и другите личности се исто толку важни како и тие самите, никогаш нема да се развие егоизмот во нив.
Јас ко мала се лутев ако ми ја местат, а кога е реално отсекогаш ми било мило затоа што си ги сакам моите исто ко што се сакам и јас, дури и повеќе. :)
 
кај мене...
3ти пат по ред... :)
 
За многу години нека е празникот. И паричката се падна во Господ.:smir:
 
Кај мајка ми.. одмана и се немаше паднато.. :smir:
 
Кај мене падна иако сум од Тетово и ние за Василица го правиме овој адет, како и да е денес е Бадник и кој не бил на Бадник во Тетово во животот посиромашен е, зошто овој празник ми се чини се слави на единствен начин во Македонија. Ако не можете да дојдете оваа година, здравје најдете време да го прославите овој празник со нас тетовчани идните години.
 
За прв пат во животов кај мене се падна. Не сум суеверна и мислам дека тоа нема никаква врска со тоа што ќе ми се случи нареднава година. Поубаво ми беше кога не се паѓаше кај мене паричката...
 
Pariceto se padna kaj majka mi ... so sreka neka i! Posle dolgo vreme se padna pak kaj nea :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom