На ѕид затоа што докажав дека цената на струјата во Македонија е огин скапа
Индустриската струја во Македонија чини 16 евро центи, а во речиси сите други европски земји е поефтина.
Струјата за домаќиствата во ЕУ и кај нас не може да се споредува бидејќи во ЕУ се врши посебно опорезување на струјата за домаќинствата, кај нас такво опорезување не постои.
Струјата за домаќинствата кај нас е поскапа од колку што е во САД. Во САД, исто како кај нас, струјата посебно не се опорезува и тие врдности можат да се споредуваат.
За цената на струјата во Македонија е лошо, што се должи на огромната заработка на претпријатијата кои ја продаваат, ЕЛЕМ, МЕПСО и пред се ЕВН. Тоа им е овозможено од страна на лепотаните од регулаторна.
Инаку за протестите си во право - кај нас било какви протести нема да успеат бидејќи сите видови властодршци не третираат како стока.
Е за тоа треба да се протестира
Не ја свати поентата.
Прво и основно, струјата не е скапа, туку ни е тапа стандардот. Поточно речено не е до толку скапа струјата, колку што ни е лош стандардот.
Второ, протестите не се вишак од причина што нема да успеат и ќе се политизираат. Туку протестите организирани поради единствена причина -низок стандард, воопшто се неполезни и непотребни. Не може еден таков протест да обезбеди повисок стандард на народот.
За да се канализира силата на работноспособниот човек постојат организации наречени синдикати. Еден протест организиран од синдикат, би ги чинел компаниите многу пари, а тоа би значело дека тие компании би се запрашале дали можат економски да си дозволат таков протест. Кај нас освен државно контролирани синдикати, не постојат вакви организации, кои ќе ги заштитат правата на обичниот вработен.
Зборот ми е, до сега има незадоволство и од двете политички структури кои биле на власт. За жал сеуште не сме научиле дека владата не може да се бори против појавата на претерана експлоатација на вработените, кога вработените не само што доброволно влегуваат во експлоатација, туку учествуваат и во прикривање на таа експлоатација, а неретко и во оправдување на таа експлоатација (поарно да работам за 6000 непријавен одколку да не работам).
Таквата свест на вработените во Македонија генерално е проблем кој го држи стандардот низок.
--- надополнето: 10 декември 2013 во 10:06 ---
За жал сеуште има обични луѓе кои имаат „ предводници “.
Мило ми е што ти немаш „ предводници “
Не се проблем предводниците. Не се проблем ниту луѓето кои имаат симпатии кон политички партии или активно учествуваат во промовирање на истите. Нема тука ништо лошо еден човек да е за СДСМ, а друг да е за ДПМНЕ.
Тука на форумов и воопшто во Македонија стана срамота да подржуваш партија. Те етикетираат итн.
Редно е народот да свати, дека главната цел на една политичка структура е да дојде на власт и што е можно повеќе да остане на власт. Колку тоа ќе го постигне врз грбот на народот, зависи само од тоа колку народот ќе дозволи.
Се додека не почне така да се размислува, Македонија нема да мрдне од местото.
Моќта на една власт да делува врз стандардот на народот е доста ограничена. Владата не е бизнис субјект и токму досегашниот мејнстрим на размислување на народот дека владата е пред се социјален работник ја држи оваа влада цврсто на власт. Направив пред некој пост и конкретен пример како тоа го постигнува, за жал бев сватен од каран дека со тоа сум ги набројувал успесите на владата.