Демографија

  • Креатор на темата Креатор на темата Gags
  • Време на започнување Време на започнување
Како бе голем дел од популацијата може да си дозволи сопствен стан. За во Македонија станува збор???:cautious:
Може да си дозволи сопствен стан, спрат или кирија. Ако моментално не можеш да заработиш за кирија во Скопје, веројатно си ептен нефункционален.

Инаку како го потенцираше ова Македонија - ние имаме далеку повисока стапка на сопственост на имот во споредба со остатокот од светот.
 
Во „нашата земјата„ навистина постои повисока стапка на имот, од проста причина-мала територија, мало население, кое каде и да мигрира низ земјава, пак може да стигне до било кое место за пар саат патување и веќе е дома, на својот имот, наследен или заработен, без потреба да го продава.

Во (по)големите земји, со големи територии и населенија, каде жителите не се задржуваат долго на едно и исто населено место и работно место, не ни постои јака потреба од поседување недвижен имот, ако работата ти зависи од често менување на работното место а со тоа и менување на местото за живеење.

САД се училишен пример...
 
Може да си дозволи сопствен стан, спрат или кирија. Ако моментално не можеш да заработиш за кирија во Скопје, веројатно си ептен нефункционален.

Инаку како го потенцираше ова Македонија - ние имаме далеку повисока стапка на сопственост на имот во споредба со остатокот од светот.
Имаме, благодарение на нашите баби, дедовци кои оставиле нешто, кога куќите биле џаба, оди сега купи стан да те видам, треба бубрегот да си го продајш со просечна плата без кредит.
 
Може да си дозволи сопствен стан, спрат или кирија. Ако моментално не можеш да заработиш за кирија во Скопје, веројатно си ептен нефункционален.

Инаку како го потенцираше ова Македонија - ние имаме далеку повисока стапка на сопственост на имот во споредба со остатокот од светот.
Апсолутно, но само за киријата. Ако немаш ни за кирија, значи си ептен утепан и/или не ти се живее извон твоите, што е ред флег за 90% од жените. Мора да вметнам, чудно како феминизмот умира по брза постапка кога е во прашање ова :D Во споредба со другите главни градови на балканов имаме убедливо најниска кирија (тука не го бројам измисленото Косово и поствоена Босна, они се исклучок). Стан да се купи е малку потешко и ако немаат и родителите да помогнат, тогаш цемент, а за спрат, спрат е привилегија на луѓе кои имаат куќа, не можеш пентхаус да си дигнеш на зградата.
 
Back
На врв Bottom