- Член од
- 5 март 2018
- Мислења
- 19.165
- Поени од реакции
- 22.909
Треба компромис и разбирање, сега каде каде е полесно од порано кога пелени се переле рачно на -30 степени, нема кај да ги купиш па алиштата замрзнуваат на жица.Да ама и вие жените не треба да се жалите сегде дека цела ноќ не сте спиени и дека мора под дифолт да ги делите обврските. Треба мажот сам да биде свесен дека ако сака филмови да прави за наследници и династии, дека треба да помогне на на некој начин. Дали ќе преземе некои обврски од жената што не се поврзани со детето : готвење - у денешно време освен за бебето ние возраните може да поминеме со нарачана храна ако веќе не знае да готви. Перење - у денешно време кога не се иде на река да се трие со пепел и да се лупа од камен секое парче облека, не знам шо е тешко да се набута се во машина и според предходно напишани на ливче инструкции за брзина, степени, прашак, омекнувач да се притисне едно копче плеј. Чистење - основно собирање прашина и трошки и тоа во денешна доба на бежични, мобилни правосмукалки кога не се тегнат 100м гајтани и не се дига 20кг машина, смешно е да се каже дека е тешко.
... или тие обврски ќе и ги даде на куќна помошничка што ќе ја плати, а третата опција е да страшно јака пара да заработува па да постигне компромис со сопругата таа да не работи и само да се грижи за детето и домот.
Ова се трите патерни и опции. Нема простор за топли води да се измислуваат.
Се стига се навреме сега, ако детето ти дозволува оти има деца екстра хиперактивни и залепени за мајка поготово доени деца кои висат на цицка цел ден, треба само добро организирано време.
Е сега како што и на мажот му требаат минути за луфтирација така и на жената, дали било педикир, дали ќе пие кафе на балкон, дали ќе излезе еден час два на пијалок со другарки некогаш, на жената не треба да и заврши животот откако ќе стани мајка исто и на мажот, затоа реков со компромис се се постигнува.
Ете вчера цел ден бев акната со бебе, по кафиња, по трговски, па си заспа па си седнав на пиво, ионака сопругот покасно се врати дома од работа за ручек готова храна зедов.
За денес гравот ќе се крчка на оган, да не речи после Ронче не знам нормално јадење да напрам




