Демографија

  • Креатор на темата Креатор на темата Gags
  • Време на започнување Време на започнување
Го зимаат тоа предвид, пошто рачунаат и иселеници (тоа релативно лесно се следи, дури и без попис секоја година). Економски Косово расте релативно брзо (споредено со предходно), али популациски паѓа (поради иселување и ниска стапка на раѓање). Од скоро 2.2 милиони, паднати се на 1.5 милиони (за 20 години). Економски се во подобра состојба, имаат подолг животен век (слично како кај нас).

Ние сме во слично незгодна позиција. 1.4 ни е стапка на раѓање (2.1+ ни треба за да расте популација) и плус на ова имаме иселување. Цел регион ни го има овој проблем. Албанија е најкритична (1.2) и Грција (1.3). Бугарија, Франција и Словенија водат во Европа со високи стапки на раѓање (топ 3) али се испод стапка на додавање популација (никој не е над 2.1). Трендот е: секаде паѓа популација, некаде побрзо, некаде тоа иде поспоро.

Прегледај го приврзокот 482035
Линк од сите податоци за Косово: https://data.worldbank.org/country/kosovo
1783890450885.png

Косово има ТФР 2.01 (единствени над 2 на стариот континент), имаат речиси ист број на родени како Албанија за 2025 (22к / 22.5к) а се скоро 1М помалку

живородени 2025 - Словенија(2.1М) 16.9К / Косово(1.5М) 22К
Автоматски споено мислење:

1783891711141.png

Новата публикација на -Македонија во бројки- веќе нема табела за живородени според етничката припадност на родителите, дали е тоа поврзано со тој нов закон што беше скоро донесен?

Мислам дека е ова голем минус, треба да остане статистиката за етничките групи, ова ми изгледа на -да зборуваме за убави работи- тактика да се прикрива лошата демографија посебно кај етничките Македонци.

1783891902172.png
 
Последно уредено:
Факт е дека и едното и другото движење се водат од платеници кои ја индоктринираат младата популација со ЛЏБТК глупости и со расизам насочен против белците.
Ова е карикатура и од либерализам и од феминизам, и не е нивно реално представување. Феминизмот бара еднаков третман на маж и жена. Либерали сакаат да нема злоупотреба на власт и индивидуата да е слободен да прави што сака додека не му штети на друг. Тоа е суштината на нивното постоење, се друго е карикатура.

Имам интернет и следам шо се дешава по светов и на запад. Во тек е исламизација на Европа со помош на либералите. Значи ова не обична миграција на население туку инвазија. Портите за таа инвазија ги отворија либералите ,феминистките и левицата. Пред нос ни се дешава,ако не си го сватил проблемот е во тебе а не во мене.
Во ултра-десничарски кругови, либералите и феминистите се криват за исламизација на Европа, за да земат повеќе гласови (пошто им се примарни политички ривали). Да имаше исламистички партии кои се такмичат за гласови со ултра-десницата, они ќе беа таргетот. Дека феминисти и либерали сакаат да се исламизира Европа е далеку од реално тврдење.

Косово има ТФР 2.01 (единствени над 2 на стариот континент), имаат речиси ист број на родени како Албанија за 2025 (22к / 22.5к) а се скоро 1М помалку
Не се точни податоциве. Ова е некој лик на Инстаграм (му го најдов профилот) што на своја рака произовлно си нагаѓа "expected number". Бројките што му се тука не се официјални бројки, него е негова произволна процена. Види како ги обележал Црна Гора и Косово - за двете предвидува 2.1, а две различни бои користи. Неговите бројки не се исти со јавно достапни податоци. Не е кредибилен извор.

По податоци на Обединети Нации, Eurostat и административни органи на Косово, на измерени бројки, Косово е на стабилна 1.5 од 2023 до денес. Имаат и повеќе детали околу што може да биде извор, али главниот е трошоци за живот. Има добар текст на оваа тема: Kosovo at a demographic turning point што дава за нијанса повеќе детали околу извори на нискиот наталитет на Косово, али историски тренд (од 60та ако гледаш навака) е дека бројките одат надоле.

Мислам дека е ова голем минус, треба да остане статистиката за етничките групи, ова ми изгледа на -да зборуваме за убави работи- тактика да се прикрива лошата демографија посебно кај етничките Македонци.
Се слагам со ова. Потребно е да се следи и етничка и религиска композиција на демографски текови. Кај нас проблемот е двоен: и ниски стапки на раѓање и иселување. Овој проблем (депопулација) постои ради лошо водење на држава 30 години наназад и ниту една наратива "супер ни иде" неможе да ја покрие демографската дупка која ја имаме (последиците од овие проблеми тек ќе ги чувствуваме).
 
Понудете ми ја мене таа програмерката.
Ќе ја преобратам ако е феминистка, не ми пречат феминистки.
Феминстки се само додека да те засакаат, после без проблем ти ги перат гаќите.
На следно шетање кучињата ќе ја прашам!
 
Па големите корпорации или некои други го презедоа феминистичкото движење и леберализмот и ги преобликуваа во нешто друго. Ево друго прашање? За кои женски права се борат феминитките кај нас и на запад во моментов? Значи корпорациите или некој друг го користат феминизмот за раздор меѓу половите. Ево сега ќе ти кажам пример. Запознавам свој другар во свои 40+ години со братучетка на жена ми.Чоеков си има своја куќа и добра плата. Излеговме на кафе сите заедно за да ја олесниме комуникацијата. Знаеш кој беше муабетов на типкава ? Цитирам-Јас завршив факултет за на овај да му ги перам гаштите и да му раѓам деца!? Дали не е тоа феминистичко влиание? Како ова да го протолкувам?
Големите корпорации лесно си легнаа во прегратките на Трамп од кога дојде на власт. Тие ствари се мењаат заедно со политиката. Меѓутоа нема ништо да смени тоа. Ниедна бројка не ви го потврдува муабетот - држави со конзервативна власт имаат егстремно низок број на новородени. Дали е тоа Турција, Кина, Русија или Унгарија, бројките тонат.

Што државата стигне до одреден степен на развој, луѓето не прават толку деца. Ова со другарти е добар пример. Куќа и плата можда било доволно во прошли век, ама не и во овој.
 
Демографски, кај нас две работи треба да се решат во исто време: иселување и стапка на раѓање. Мое мислење е дека двете се тесно поврзани.

За некој да оформи брак, мора да е финансиски независен, да има свое "гнездо". Во овој формат, економски каде што станува се потешко да се дојде до стан и платите се релативно скромни, најголем дел од младите живеат со родители и долги години зависат од нив. Ако економски државата почне да се развива побрзо, мислам дека овој проблем би се решил делумно. Предуслов за да се дојде до ова е: фер правила на игра (еднаков закон за сите), независно судство, професионална полиција (да не функционираат како продолжени пипци на партиите). Ако нема фер правила на игра и стабилност, многу помалку луѓе ќе сакаат да преземат бизнис ризик и парите место во компании ќе ги ставаат во станови и куќи. Економија без здрави институции неможе да расте. Со ова би се решило и прашањето на "безнадежност" каде младиот свет би чувствувал дека работите можат да движат во права насока и би имале помала желба за иселување.

Втора работа, за натилтет конкретно: да се поминува помалку време пред компјутер и да се поминува повеќе време меѓу луѓе. Денес се живее доста изолирано, луѓе помалку се сретнуваат/искачаат. Во култура, да се гледа повеќе со восхит и почит кон родителство, поготово кон повеќедетни фамилии. Работодавците да не отпуштаат жени само ради тоа што знаат дека планираат фамилија, да обезбедат услови за родители каде може да се комбинира родителство со работни обврски. Али и со сите овие промени, пак нема да биде лесно да се крене наталитет пошто ако сака некоја фамилија да чува 3-5 деца, мора еден родител да поминува повеќе време дома. Денес животот станува се поскап и освен ако еден родител не прави добри пари, ова е тешко изводливо.

Околу раѓања кај муслиманите: Иран, Турција, и голем дел од нафтените монархии се испод стапка 2.1 и одат надолу. Саудиска Арабија, со сите услови што ги има е 2.3 (што не е некоја луда бројка). БИ е 2.3 во просек, али од година во година иде надоле. Најголем раст има во Африка, каде на една родилка има 4 деца. Падот се случува секаде и ако трендот продолжи како што е, секој 3ти човек на планетава ќе биде Африканец за некои 70тина години.
Малку ти се апстрактни решенијата, да се подобри економијата, да не се живее со родителите долго, повеќе да се излегува, да се сака родителство, какви конкретни програми би ги придвижиле работите во таа насока? Пошто и ја можам вака апстрактно - рон да стане привлечен и посакуван специмен... но дај да бидеме реални.

Еве да почнеме од почеток... Колку е реално во брзо време да се оправи економијата во земјава за да рон најпрво се одсели од детската?

Конктетна мерка е пример забрана на контацепција и абортус.
 
Нема реално решение, тоа се бајки. И неговите и твоите. Тоа не функционирало во ултра затворени општества како Романија на чаушеску, а не па сеа кога можеш да отидеш преку граница и да абортираш.

За економијата, таа никогаш не може да се подобри до тој степен. Човекот е незаситен по природа. Ако прочиташ некој странски форум, ќе видиш дека луѓе во Норвешка или Финска се жалат дека немаат деца ради пари. Колку е реално да ги стигнеме нив, а и што дека, кога ни тоа не е доволно?
Ова коа ќе прочитам, луѓе не правеле деца ради независно судство, ми иде очи да си ископам.
 
Kon toa odev... deka bez radikaliziranje i proglasuvanje risjanska drzava ova ne se reshava, samo zabrana zeni da rabotat, abortus, kontracepcija i nekaznivost za siluvanje bi ja popravile brojkata.
 
Kon toa odev... deka bez radikaliziranje i proglasuvanje risjanska drzava ova ne se reshava, samo zabrana zeni da rabotat, abortus, kontracepcija i nekaznivost za siluvanje bi ja popravile brojkata.
Не знам како го замислуваш тоа, ама 99 посто од населението не сака такво нешто.
 
Не знам како го замислуваш тоа, ама 99 посто од населението не сака такво нешто.
Не се 99%, има многу инцели што трљаат раце + муслимани, религиозни фанатици и луѓе со олд скул ставови, ама големо мнозинство секако.
 
Не се 99%, има многу инцели што трљаат раце + муслимани, религиозни фанатици и луѓе со олд скул ставови, ама големо мнозинство секако.
На форумот? Да тука има добро мнозинство на ретарди. Сепак надвор од тука нормални луѓе нема да дозволат да им ги силуваат ќерките и сестрите за оплод.
 
На форумот? Да тука има добро мнозинство на ретарди. Сепак надвор од тука нормални луѓе нема да дозволат да им ги силуваат ќерките и сестрите за оплод.
Не само форумов е огледало на нашето општество, само што луѓето не ги кажуваат работите што ги кажуваат тука пред други. Сметај дека и комшијата што ти остаа смрдливо ѓубре у ходник, и тој што ти рока фолк у 3 сабајле и тој што ти буши у 7 сабајле у сабота на лаф муабет пред кооперација го осудуваат тоа однесување. Нели, на теорија.
 
не не, форумот у никој случај не е огледало :D
 
Малку ти се апстрактни решенијата, да се подобри економијата, да не се живее со родителите долго, повеќе да се излегува, да се сака родителство, какви конкретни програми би ги придвижиле работите во таа насока? Пошто и ја можам вака апстрактно - рон да стане привлечен и посакуван специмен... но дај да бидеме реални.

Еве да почнеме од почеток... Колку е реално во брзо време да се оправи економијата во земјава за да рон најпрво се одсели од детската?

Конктетна мерка е пример забрана на контацепција и абортус.
Доста попаметни луѓе од мене пробале со разно разни конкретни мерки и не успеале (од бесплатно такси во Јужна Кореа, до гага пакети за бебиња и уплаќање 10.000 долари во Русија по бебе). Појма неам искрено што би пасувало. :icon_mrgr:

По мене, изворот на се е економската врска на наталитет и развој. Во денешниве пазарни општества, на сиромаштија или економски тегобии се гледа со презир и жалење, а на пари со восхит. Ако некој е посиромашен, средината го гледа со жалење или како бескорисен (иако ова не е објективно точно, оваа перцепција е честа). Семејство да се одлучи на смел потег да чува 4-5 деца на мал простор би се гледале од околината како "заостанати" или си викаат "како живеат вака, ова е беда, 7 луѓе на 60 квадрати". Има стигма врз економски тегобии кај нас пошто до ден денес голем дел од наше општество уште не капира пазарна економија. Ради тоа и пола држава е на кредити каде се фрлаат пари на статусни сигнали: билборд гардероба (пола маица, пола лого), скапи саати (што имаат иста функција како саат од 2 долари), увезени коли со мрсни седишта, се со цел некакво докажување, да се покрие страв да не се биде отфрлен. Гето блинг. Сигналот што се праќа е: "сакам да мислиш дека сум богат".

Во тој амбиент каде што се фетишизира материјално богатство и се презира сиромаштија, многудетна фамилија во мал стан или на село праќа сигнал или барем така се интерпретира дека семејството живее во релативна беда, заостанато е релативно на луѓето околу нив. Дури и да не е тоа така, предпоставувам ова е еден од фактори што одвлекува луѓе да имаат многу деца: страв од осуда, страв од одговорност и реален ризик (една-две плати во несигурна економија за 7 души). Во места каде се нема пари и пазарот не е толку интензивен (некои рурални средини, помалце развиени земји), немаат такви очекувања и перцепции за себе и другите (дека секој мора да има или е неуспешен во очи на општеството) и ради тоа предпоставувам демографските разлики се тие: што повеќе богато општество, тоа помалце деца и обратно. Хонг Конг има една од најниски стапки на наталитет, а секој 9ти човек е милионер кај нив. Не е ни само до економијата во апсолутна смисла (имање работа, и висока плата, пошто во ХК двете лесно се добиваат) туку и имот и дигнитет (во ХК становите се премали, квадрат е 25.000 USD, растење фамилија е скап спорт, што поголема тоа поголем трошок). Муабетот ми е: прекомплексен проблем е за две-три мерки да го решат.

Ова коа ќе прочитам, луѓе не правеле деца ради независно судство, ми иде очи да си ископам.
Не е тоа аргументот, дека ако имаме независен суд ќе се раѓаат повеќе деца, него дека тоа е предуслов за здрава економија. Здрава економија ни треба за да можат младите да се иселат порано од дома за да можат да донесат партнер и да создадат свое гнездо (наместо да живеат кај своите до 30ти/40ти години, пошто така веројатно би им било потешко да основаат фамилија). Тоа е поентата.
 
Back
На врв Bottom