Демографија

  • Креатор на темата Креатор на темата Gags
  • Време на започнување Време на започнување
Го зимаат тоа предвид, пошто рачунаат и иселеници (тоа релативно лесно се следи, дури и без попис секоја година). Економски Косово расте релативно брзо (споредено со предходно), али популациски паѓа (поради иселување и ниска стапка на раѓање). Од скоро 2.2 милиони, паднати се на 1.5 милиони (за 20 години). Економски се во подобра состојба, имаат подолг животен век (слично како кај нас).

Ние сме во слично незгодна позиција. 1.4 ни е стапка на раѓање (2.1+ ни треба за да расте популација) и плус на ова имаме иселување. Цел регион ни го има овој проблем. Албанија е најкритична (1.2) и Грција (1.3). Бугарија, Франција и Словенија водат во Европа со високи стапки на раѓање (топ 3) али се испод стапка на додавање популација (никој не е над 2.1). Трендот е: секаде паѓа популација, некаде побрзо, некаде тоа иде поспоро.

Прегледај го приврзокот 482035
Линк од сите податоци за Косово: https://data.worldbank.org/country/kosovo
1783890450885.png

Косово има ТФР 2.01 (единствени над 2 на стариот континент), имаат речиси ист број на родени како Албанија за 2025 (22к / 22.5к) а се скоро 1М помалку

живородени 2025 - Словенија(2.1М) 16.9К / Косово(1.5М) 22К
Автоматски споено мислење:

1783891711141.png

Новата публикација на -Македонија во бројки- веќе нема табела за живородени според етничката припадност на родителите, дали е тоа поврзано со тој нов закон што беше скоро донесен?

Мислам дека е ова голем минус, треба да остане статистиката за етничките групи, ова ми изгледа на -да зборуваме за убави работи- тактика да се прикрива лошата демографија посебно кај етничките Македонци.


1783891902172.png
 
Последно уредено:
Факт е дека и едното и другото движење се водат од платеници кои ја индоктринираат младата популација со ЛЏБТК глупости и со расизам насочен против белците.
Ова е карикатура и од либерализам и од феминизам, и не е нивно реално представување. Феминизмот бара еднаков третман на маж и жена. Либерали сакаат да нема злоупотреба на власт и индивидуата да е слободен да прави што сака додека не му штети на друг. Тоа е суштината на нивното постоење, се друго е карикатура.

Имам интернет и следам шо се дешава по светов и на запад. Во тек е исламизација на Европа со помош на либералите. Значи ова не обична миграција на население туку инвазија. Портите за таа инвазија ги отворија либералите ,феминистките и левицата. Пред нос ни се дешава,ако не си го сватил проблемот е во тебе а не во мене.
Во ултра-десничарски кругови, либералите и феминистите се криват за исламизација на Европа, за да земат повеќе гласови (пошто им се примарни политички ривали). Да имаше исламистички партии кои се такмичат за гласови со ултра-десницата, они ќе беа таргетот. Дека феминисти и либерали сакаат да се исламизира Европа е далеку од реално тврдење.

Косово има ТФР 2.01 (единствени над 2 на стариот континент), имаат речиси ист број на родени како Албанија за 2025 (22к / 22.5к) а се скоро 1М помалку
Не се точни податоциве. Ова е некој лик на Инстаграм (му го најдов профилот) што на своја рака произовлно си нагаѓа "expected number". Бројките што му се тука не се официјални бројки, него е негова произволна процена. Види како ги обележал Црна Гора и Косово - за двете предвидува 2.1, а две различни бои користи. Неговите бројки не се исти со јавно достапни податоци. Не е кредибилен извор.

По податоци на Обединети Нации, Eurostat и административни органи на Косово, на измерени бројки, Косово е на стабилна 1.5 од 2023 до денес. Имаат и повеќе детали околу што може да биде извор, али главниот е трошоци за живот. Има добар текст на оваа тема: Kosovo at a demographic turning point што дава за нијанса повеќе детали околу извори на нискиот наталитет на Косово, али историски тренд (од 60та ако гледаш навака) е дека бројките одат надоле.

Мислам дека е ова голем минус, треба да остане статистиката за етничките групи, ова ми изгледа на -да зборуваме за убави работи- тактика да се прикрива лошата демографија посебно кај етничките Македонци.
Се слагам со ова. Потребно е да се следи и етничка и религиска композиција на демографски текови. Кај нас проблемот е двоен: и ниски стапки на раѓање и иселување. Овој проблем (депопулација) постои ради лошо водење на држава 30 години наназад и ниту една наратива "супер ни иде" неможе да ја покрие демографската дупка која ја имаме (последиците од овие проблеми тек ќе ги чувствуваме).
 
Back
На врв Bottom