АЈде бе, нека возат политичарите коли од 100.000 евра а ние пелени со перење ќе употребуваме како во камено доба.
Абе породилно ми следува, сум плаќала придонеси за тоа породилно, не му барам од џеб на некој.
Пелени има и ефтини од 300 денари, едно адаптирано млеко знајш колку пари чини, си видел по рафтови ? Трошокот за едно бебе е цело породилно, ако ги собереме пелени, храна, облека, хигиена и ред други работи кли доаѓаат со самото растење.
Само што ќе те отпуштат од болница еден куп пари ти требаат за основни работи од аптека кои мораш да ги набавиш, не дај боже да треба и некоја плус терапија да купиш оти има секакви случаи, предвреме родени бебиња, комплицирани пораѓаи, тука фондот ништо не ти покрива.