Дедо син и внук – сите пијани расчистувале сметки по Драчево

  • Креатор на темата Креатор на темата darjanmk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2009
Мислења
534
Поени од реакции
243
Членови на исто семејство од три генерации ноќеска околу 2 часот по полноќ со секири и стапови заминале да се расправаат со соседот. Откако едниот ја исекол раката од искршениот светларник во куќата која сакале да ја „посетат“ се повлекле.
Семејство од Драчево сакалo да се пресмета со соседот поради нерасчистени сметки. Синоќа околу 2 часот по полноќ 73-годишен старец заедно со неговиот 43-годишен син и 19-годишен внук, вооружени со секира и стапови тргнале кон куќата на соседот во населба Драчево.

Стигнале до куќата и со секирата го искршиле стаклото на светларникот, но синот се повредил и се исекол, па тројцата од агресивното семејство се повлекле назад кон својот дом.

Полицијата ги привела и по извршениот алко тест утврдила дека сите тројца биле пијани. Дедото имал најмногу алкохол во крвта- 1, 59 промили, неговиот син имал 1, 18 промили во крвта, а 19-годишниот внук бил најтрезен со 0,59 промили алкохол во себе. Полицијата ќе поднесе соодвтени пријави за тројцата.
 
најмладиот, најтрезниот= најнесмасниот:pos::pos:
 
Sega go imase na vesti na kanal 5 ova morav da go postiram. Se prsnav od smeenje.
 
најмладиот, најтрезниот= најнесмасниот:pos::pos:

Синот не е средниот??? Затоа и се повлекле, бидејќи биле засегнати и двајцата други.
Најмладиот е внукот.
У секој случај супер се :pos:
 
Наредниот пат со штитници ко ролераши :)
 
Следниот пат ќе одат накокани,пошто овај пат не им успеало!:pos:
 
Најмалку алкохол а тој се исекол хахахахахх ! EPIC..JUST EPIC !
Macedonia - the land of wonders !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom