"Дечко ми"/"Девојка ми" или неговото/нејзиното име?

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka111
  • Време на започнување Време на започнување

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Кога разговарате во друштво и притоа го споменувате вашиот дечко или девојка, дали го кажувате неговото/нејзиното име или пак едноставно кажувате - дечко ми/девојка ми?

Имам една другарка која секогаш кажува "дечко ми" иако сите добро го знаеме кој е и како се вика и практично е во наше друштво откако се заедно, а таа пак си продолжува дечко ми, дечко ми... или да се плаши да и го украде некој или пак се фали дека има дечко:toe:
Нормално е на почетокот од врската кога никој не го познава или пак никој од друштвото не слушнал за него да се кажува дечко ми, се додека не го запаметат, ама нон стоп да се вика дечко ми, тоа е веќе смешно.

Кој е вашиот став?
 
Јас обично со моето друштво кога зборам за дечкото, кажувам или името на дечкото или му давам епитети како “господинот“, “дотичниот“, “овој“... :icon_lol: А особено кога сум лута ги давам горенаведените примери.:)
А со луѓе кои не знаат, а морам да објаснам некоја ситуација, кажувам дечко ми и неговото име потоа.
 
Секогаш го спомнувам по име, ама ретко ми е тема на муабет во моето друштво, ептен ако на дневен ред имаме оговарање на „дотичните“.
 
Коа праам муабет со некој што не го знае дечко ми го користам терминот дечко ми.. во друштво ко се зезаме обично на трач партија го викам дотичниот или слично а коа праам муабет со некој што го знае си го викам на име
 
името, е сега ако праша некој која е таја следи објаснувањето: девојка ми.
 
Па пред оние што го познаваат,односно моето друштво го користам неговото име,а ако разговарам за него со личности кои не го запознале лично,тогаш го користам терминот „дечко ми".
 
Најчесто со име го споменувам , е сега ако некој евентуално не го препознае кој е , што е тогаш го именувам како дечко ми:pos2:
 
По име го викам пред луѓе, а ако некој не знае, викам „дечкото“ :) Некогаш на шала викам „момчето“, „моето момче“, „либето“ или некои слични такви.
Тоа „дечко ми“ (кога сите знаат како се вика дечкото) ми е многу смешно и ми делува ко девојката да се фали што има дечко, кога бевме помали знам многу девојчиња така викаа. :)
 
Најискрено никогаш многу многу не ми бил на дневен ред пред целото друштво да зборувам за него.Али кога се случувало нешто такво тогаш најчесто го именувам по име некако по сум навикнала :toe:.
 
Koga razgovaram za nego so luge so ne go znaat vikam de4ko mi, inaku so tia so go znaat go vikam na ime ili tipot moj, a ako sum nalutena idiotot moj.
 
Или велам „тетребот“ или по име, или „изгорот“, кога сакам да звучам поетично. Ама се е ова за пред блиските. Пред оние кои не го знаат во принцип се трудам и да не го зборам многу, ама ако се мора, велам „дечко ми“ или „пријателот“. Последново ми е собрано од бугарските ми другарки, ми се свиѓа како израз:)
Иначе, него му се обраќам некогаш со „дечко ми“, ама чисто на заебанција, иначе по име си се викаме...
 
Па на луѓе што ЈАС не ги знам а и дечко ми што не го знаат викам дечко ми...е сега од друштвото веќе сите го знаат и го кажувам со име :pipi:
 
Кога зборам со луѓе за него, обично го ословувам со дибекот, оној волон мој, стоката и слични називи за домашни животни.
Кога му се обраќам директно ги користам лигавите изрази од типот: сонце, маче, срце, бејбе итн.
Кога разговарам со некој со кој што се шмекам и кој сакам да го заведам, немам дечко. Ако сепак по игра на случајот стане збор за него, го наведувам како „еден пријател со кој повремено се глеаме, а кој секако не ми е дечко, зошто у суштина сум слободна.“

А терминот „дечко“ го употребувам само кога сакам да се отарасам од некој напор, кај кого секогаш пали старото „иам дечко“.
 
При разговори го викам по име најчесто,доколку некој се зачуди,тогаш потенцирам-дечко ми:).
 
јас ја викам оваја :pos2: треба да се видам со оваја, треба да му се јавам на оваја!
и сите ме опоменуваат да не ја викам така :):)
така ми иди да ја викам! а понекогаш на име ја викам!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom