Debris

  • Креатор на темата Креатор на темата Ryan Giggs
  • Време на започнување Време на започнување

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.994
Поени од реакции
22.203
Локација
Скопје - Македонија
Веб-сајт
www.youtube.com
Debris-tv-series-poster.jpg


Се мислев уште по првите две епизоди дали да го отворам топиков, ама еве после 9-тата викам дека сепак заслужува мало внимание.
Debris е американска SCI-FI серија, која мене ме потсетува на легендарната X-Files но со некој микс на серија од типот на NCSI.
Кога мистериозни остатоци ( од вонземнски брод ) ќе започнат да паѓаат од небото, тајна меѓународна агенција има за задача да открие што е тоа, од каде потекнува и што е најважно, што може да стори. Британскиот агент (MI6) Финола и американскиот агент Брајан (CIA) се партнери, кои пробуваат да ги решат мистериите кои ги носат овие мистериозни остатоци. Сепак, различни агенции и различни размислувања, тие немаат друг избор освен да веруваат еден на друг додека трагаат по стотиците парчиња остатоци расфрлани низ планетата. Секој фрагмент има непредвидлив, моќен ефект ( спротивно на законоите на физиката позната за човештвото ) врз секојдневните луѓе кои ги наоѓаат, менувајќи го својот живот на неочекувани и често опасни начини. Секое откритие е трка со времето, затоа што покрај нив и други органзации ги сакаат овие моќни предмети за свои цели.
Развојот на приказната е добар, не станува збор за ниско буџетна серија но на крај како нешто да ми недостастува. Мое мислење е дека сепак двајцата главни актери поготово агентот Брајан на моменти изгледа како да глуми без никаква емоција (па дури и малце антипатично делува), но како што се развива серијата ми остава впечаток дека се подобрува и го подигнува квалитетот.
Оценка не давам, ви оставам простор вие да оодлучите и да погледнете за што станува збор. Во овие карантински денови има многу мала добра квалитетна понуда, а оваа серија би ја вклучил во добра и квалитетна понуда.

За оние кои ќе се одлучат да ја погледнат, наздравје гледање :)
 
Последно уредено:
... микс од NCIS.

Толку, нема потреба да читам повеќе, не е за мене. :D
 
... микс од NCIS.

Толку, нема потреба да читам повеќе, не е за мене. :D
Хм, мене не ме потцетува NCIS туку на Fringe. Мислам дека и механизмот на дејствата кои се случуваат се правени по ист рецепт, со тоа што наместо Волтер овде го имаме Џорџ ...
 
Го изгледав финалето на сезонава, некои работи разјаснија а и дополнително вметнаа уште неколку работи кои ќе мора да се разјаснат следната сезона.
Краен заклучок е дека серијава е гледлива и има огромен потенцијал ама малку искористен.
Како што спомнав погоре, многу ми наликува на Fringe (дури и актерот кој го игра Валтер Бишоп е тука :D ),само што се одвива со помала динамика него што е потребно според мене.
Оценка од мене има 6/10.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom