Дебар - Будва

  • Креатор на темата Креатор на темата COIL
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 септември 2008
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво, прв пат пишувам на форумов па прво еден поздрав до сите членови.

Сакам да одам до будва преку Албанија, имам GPS навигација и најновата мапа ме носи преку Дебар како најдобра опција и поминувам некаде над Тирана. Ме интересира дали некој знае дали е заврсен тој пат и дали некој бил скоро преку Дебар

поточно овај пат
https://maps.google.com/maps?saddr=...dXI0fAQ&t=h&mra=dvme&mrsp=2&sz=11&via=1,2&z=9

:unsure:
 
Добродојде!

Можеби ти е најкратка опција по километри , ама по брзина не ми се верува , ни од македонска страна , ни од албанска , патот до Дебар и натаму не е добар.
 
Јас би ти предложил да одиш преку Ќафасан-Елбасан-Рогожине-Драч-Скадар- Будва. Oколу 450-60 км има од Битола шо значи од Прилеп околу 500 има отприлика. Предност на оваа патека ти е тоа што ги избегнуваш висините пред Тирана од 21% мислам дека се. Јас 3 години со ред одам по оваа патека и не сум (сме) имале никаков проблем.
 
Прилеп-Битола-Ресен-Охрид-Струга-Ќафасан-Прењас-Елбасан-Тирана-Лач-Леж-Скадар-Хани и Хотит - Будва

472 км
 
Прилеп-Битола-Ресен-Охрид-Струга-Ќафасан-Прењас-Елбасан-Тирана-Лач-Леж-Скадар-Хани и Хотит - Будва

472 км
Јас велам да ја избегни Тирана чисто заради високите планини пред Тирана.

п.с. COIL , ако имаш некое прашање, пиши пп
 
Јас велам да ја избегни Тирана чисто заради високите планини пред Тирана.

п.с. COIL , ако имаш некое прашање, пиши пп

Имаш право слушнав и овие со автобусите првин оделе во Драч а потоа кон Тирана , кога јас бев последен пат одевме Елбасан-Тирана , страшно беше тогаш , ништо не се гледаше , а само вртеше автобусот , се качуваше нагоре , па надолу.
 
Има нов пат со што се заобиколува таа планината..мислам и дека поради неа е изграден и патот :)
 
Директно одат Елбасан - Рогожин - Каваја - Скадар и нагоре.Ама да не влегуваш во Подгорица преку ГП Хани и Хотит (Ал)/ГП Бозај (ЦГ) туку преку ГП Муриќан (Ал)/ГП Сукобин (ЦГ) исклучување пред Скадар па директно кон (Улцињ) - Бар и натака.
 
Фала за советите, се надевав дека има пуштено нов пат затоа што само на IGO мапите од 2012г. ме носи преку Дебар а на постарите мапи рутата беше преку Струга
 
Зависи како сакаш да возиш....добар пат низ Албанија, стварно добар и без тормозење од полиција е автопатот кој е почнува од околина на Призрен 30км во косовска територија и некаде до пред Lezhe - не можам да тврдам колку е долг патот, ама добар дел од Албанија го поминуваш, а останатото се вози во рамница, прилично брзо...
Што би рекло дека од Прилеп треба преку Скопје...
По мене опасно глупи делови се низ Косово до автопатот и низ Црна Гора додека да стигнеш до Бар - тесен пат кој се градеше (јас во април и мај бев) и се дреме по тоа вруќините на некои места...
Ова го пишувам ако размислуваш за други варијанти...
 
Фала за советите, се надевав дека има пуштено нов пат затоа што само на IGO мапите од 2012г. ме носи преку Дебар а на постарите мапи рутата беше преку Струга
За да избегниш тие планините ќе одиш од Елбасан преку Фиер мислам се оди до Драч. Минуваш низ Драч и одиш према Тирана, па на едно место се дели десно за Тирана, право за Скадар. Продолжуваш за Скадар и после граничниот премин има едно потесно патче, кратко е, те симнува меѓу Улцињ и Бар. После си тераш по Јадранска магистрала до Будва. Ни GPS, ни мапа ти треба... можиш единствено од Google maps да си ја испечатиш рутава, чисто онака ориентација да имаш.
 
Хахахахахах каде бе тој пат знаеш каков е, камен на бубрегот лечи.:pos: Јас сум од Дебар тука ми е границата и пак не одам од таму, оди си од Ќафасан- Елбасан- Драч - Лежа - Скадар и по обала Улцин - Чањ и Будва си. Не знам од кај си? Ако ти одговара од Струга, ако не оди од Скопје преку Косово и Подгорица...
 
Патот е најдобар од Албанија, јас одам секоја година....Одевме по патот (незнам кој пат) Ама од кај струга излеговме...Рамен добар пат има од Албанија!
 
хахаха (камен на бубрег лечи) :pos: ОК баш тоа ми требаше да го прочитам, по се изгледа ќе одам Струга - Драч - Будва
 
хахаха (камен на бубрег лечи) :pos: ОК баш тоа ми требаше да го прочитам, по се изгледа ќе одам Струга - Драч - Будва
Да одиш. Можи ќе напрајш поќе километри ама нема да зажалиш ! (од искуство ова)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom