Dead Island

tha CaspeR

NV.mk
Член од
1 мај 2006
Мислења
1.508
Поени од реакции
162
Една од најпопуларните игри во моментов, јас само што ја свртев и гледам нема тема па викам ајде да почнам тема.

Играта е хорор акција, “пуцачина од прво лице“. Приказната се одвива на еден остров каде е проширен вирус (веќе познато) и луѓето стануваат зомбија... и нормално твоја работа е да избегаш од островот. На почетокот се бира човек со кој ќе ја играте играта, има 4ца од кои: експерт за фрлање оружја, екперт за остри оружја, експерт за огнени оружја и експерт за чекани и сл. На почетокот твојот карактер е усплашен и делува смотано, како тече играта станува се по искусен и подобро се снаоѓа низ остгровот убивајќи ги зомбиата.

Постојат неколку видови на зомби: Walker - класика зомби, Infected - неверојатно брзи, Thug - големи, јаки но спори, butcher - ектра брзи и незгоди, и пар други кои експлодираат кога ќе ги допреш и едни дебели што повраќаат :)

Играта е поделена во 4 Акта или 18 подглавја (chapters). Нависнина е интересна и преставува задоволство да се игра, има многу добри мисии, десетици side мисии, квестови и т.н. Според мене едиствен голем проблем во играва се колите кои се катастрофа. Возењето е нешто најглупо и на граница на невозможното. Педалите за гас и кочница тешко се контролираат, вртењето исто, сите предмети (вклучувајќи ги и другите коли) се статични и кога ќе се удри во нешто остануваш на место, со што често се случува да се заглавиш.

Втор проблем е 14тиот chapter односно моментот кога ќе дојдеш до едно место (старото село на тој црнецот) каде ти излагаат 5-6 walkers, 1 thug и 1 butcher и е невозможно све тоа да утепаш без да умреш ти или црнецот што треба да го чуваш. Има ред мислења и солуции за овој проблем ширум интетов, многумина имаат заглавено на овој дел. Еве мене што ми функционираше (meat bite + deo bomb + fury).

Оружјата се голем плус за играва, со оглед на тоа што може да се користи буквално се, од тавчиња, штици, лопати, цефки, ножиња, безбол палки, весла.... Подоцна тие можат да се модифицираат со најразлични шајки, лепак, батерии, жици.... На крај остануваат скил поени кои се користат за подобрување на fury, survivor или combat.

Играта е излезена за PC, Xbox 360 и PS3.

 

Steam.

wat
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.462
Поени од реакции
624
Најбедната копија на Left 4 Dead икад шо искочила.
 

The Gamer

Човекот шо гејма
Член од
18 февруари 2011
Мислења
109
Поени од реакции
27
Моментално ја играм до 3ти акт сум. Ми се свиѓа играва зошо има и RPG елементи со скилови квестови и слично, значи играта е спој од FPS со RPG со зомби апокалипса тема. Голем плус за оружјата, значи едноставно се моеш да земеш и да тепаш со него тавчиња безбол палки ножиња пиштоли и сл. и се можеш да модифицираш. Неам проблем со возењето лесно се навикнав на него. У глобала добра игра со јака графика и open world.
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.420
Играта си е добра, но во право се некои што ги читав на нет дека треба co-op да се игра оти е тешка сам да ја тераш. До 5ти акт мислам дека сум и станува потешко, има потреба од соиграч, а и далеку поинтересно би било така (има можност до 4 луѓе). Но local co-op нема во играта па неможам со брат ми да ја гејмам.
 

The Gamer

Човекот шо гејма
Член од
18 февруари 2011
Мислења
109
Поени од реакции
27
Играта си е добра, но во право се некои што ги читав на нет дека треба co-op да се игра оти е тешка сам да ја тераш. До 5ти акт мислам дека сум и станува потешко, има потреба од соиграч, а и далеку поинтересно би било така (има можност до 4 луѓе). Но local co-op нема во играта па неможам со брат ми да ја гејмам.
а има уствари некој начин на пиратска верзија да се игра co-op ?
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.420
а има уствари некој начин на пиратска верзија да се игра co-op ?
Па имаат луѓе играно преку hamachi, но и преку steam се поврзани (од коментари што читав по форуми). Е сега незнам дали играта им е купена преку steam и преку hamachi си креираат сервер (што ми нема логика затоа што самата игра си има online co-op) или пак пиратска им е ама покрај hamachi треба нешто и преку steam да се направи. Ако некој има пробано нека пише.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.704
Поени од реакции
34.245
Колку недовршена игра.. сум се сопкал од багови, in the traditional, literal sense of the word.
A изгледаше преубаво, сум губил ориентација за време... на крај да ја одинсталирам поради баг.
 
L

.Lost Angel.

Гостин

Ај малце да ја обновам темава :D Играта и мене ми изгледа како да е копија од left 4 dead али сепак си има и свои интересни страни има и доста друга прикаска од left 4 dead ама како и да е left 4 dead e no.1 за оваа игра
 

Kajgana Shop

На врв Bottom