Dead Can Dance во Скопје 23 и 24.05.2022

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
4.440
Поени од реакции
11.138
Dead Can Dance не се опишуваат како бенд. Ако сите светски религии и спиртуалности се спојат во едно и издадат еден best of музички албум, резултатот ќе биде оваа култна група. Местото на настанот е несреќен, кичерајскиот МНТ, граден како дел од Скопје 2014, ама да се фокусираме на содржината која е побитна од формата. Очекувам двата концерта да се распродадат за брзо време доколку цените се коректни, дел поради ограничениот број на седишта, дел поради обожавателите на самиот бенд во Македонија, дел поради косоварите кои секогаш ги има во голем процент кога во Скопје има настани од овој тип. Концертот го најавија како дел од Таксират, значи е во организација на Литиум Рекордс, Пасворд Продакшн или како и да се вика сега Логин Кочишки:


а настанот е потврден и од самиот бенд на нивната официјална Фејсбук страна:

https://www.facebook.com/DeadCanDanceOfficial/posts/402175601269304

Продажбата започнува во петок 17-ти на сите места на mktickets кои може да ги најдете тука:


Цени уште никаде не пишува или барем јас не гледам. Од мене топла препорака за да се гледаат во живо на сите оние кои сакаат да експериментираат со слушање на различни типови на музика, имаат отворен ум и се љубопитни. За оние што веќе ги слушаат и ги знаат не треба препорака знам дека ќе одат ако се во можност. Моја рецензија за нивниот концерт во 2012-та во Солун може да прочитате тука:


Уште еднаш ќе кажам, купете си карти со време.
 

Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
7.009
Поени од реакции
5.834
Местото на настанот е несреќен, кичерајскиот МНТ, граден како дел од Скопје 2014
Ми расипа убав момент оти доаѓаат,ме тераш да се карам ама ај .... Вмровец сум ќе речеш.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
9.527
Поени од реакции
12.886
Dead Can Dance не се опишуваат како бенд. Ако сите светски религии и спиртуалности се спојат во едно и издадат еден best of музички албум, резултатот ќе биде оваа култна група. Местото на настанот е несреќен, кичерајскиот МНТ, граден како дел од Скопје 2014, ама да се фокусираме на содржината која е побитна од формата. Очекувам двата концерта да се распродадат за брзо време доколку цените се коректни, дел поради ограничениот број на седишта, дел поради обожавателите на самиот бенд во Македонија, дел поради косоварите кои секогаш ги има во голем процент кога во Скопје има настани од овој тип. Концертот го најавија како дел од Таксират, значи е во организација на Литиум Рекордс, Пасворд Продакшн или како и да се вика сега Логин Кочишки:


а настанот е потврден и од самиот бенд на нивната официјална Фејсбук страна:

https://www.facebook.com/DeadCanDanceOfficial/posts/402175601269304

Продажбата започнува во петок 17-ти на сите места на mktickets кои може да ги најдете тука:


Цени уште никаде не пишува или барем јас не гледам. Од мене топла препорака за да се гледаат во живо на сите оние кои сакаат да експериментираат со слушање на различни типови на музика, имаат отворен ум и се љубопитни. За оние што веќе ги слушаат и ги знаат не треба препорака знам дека ќе одат ако се во можност. Моја рецензија за нивниот концерт во 2012-та во Солун може да прочитате тука:


Уште еднаш ќе кажам, купете си карти со време.
Нема поакустична сала од таа на МНТ во Македонија и пошироко на Балканот, и да сакале не можеле да најдат подобро место освен на отворено.

 
Последно уредено:

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
4.440
Поени од реакции
11.138
Нема поакустична сала од таа на МНТ во Македонија и пошироко на Балканот, и да сакале не можеле да најдат подобро место освен на отворено.

Сигурен си за МНТ? МНТ е кичерај и шит од секој аспект. Да не мислиш на новата зграда на Филхармонија која е стварно правена за најдобра акустика, случајно имав и прилика да ја видам магистерската на една девојка токму на таа тема, акустиката на таа зграда. За жал нема таму да биде.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
9.527
Поени од реакции
12.886
Сигурен си за МНТ? МНТ е кичерај и шит од секој аспект. Да не мислиш на новата зграда на Филхармонија која е стварно правена за најдобра акустика, случајно имав и прилика да ја видам магистерската на една девојка токму на таа тема, акустиката на таа зграда. За жал нема таму да биде.
Да, новата зграда на Филхармонија, сум ги смешал изгледа. Дека имам отидено на концерт на македонска филхармонија и имав многу добро искуство, ко да слушаш музика на слушалици во однос на ехо, но само во живо, и во однос на тоа колку бендот/оркестарот е блиску до публиката, се добива некоја интимност и блискост меѓу публиката и изведувачите. :) Не укапирав за кој објект мислиш, прво мислев за стариот МНТ/објектот на МОБ ама за новиот театар си мислел, не сум бил таму уште, ама да, да беше концертот во новиот објект на Филхармонија ќе беше најдобра опција.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
4.440
Поени од реакции
11.138
Нашите молби се послушани! Концертот ќе биде во Филхармонија, продажбата на карти ќе почне од среда 22.09 САМО ОНЛАЈН, по цени од 1500 и 2000 денари, претпоставувам поскапите ќе бидат подолните редови.

Taksirat Festival
1 ч. ·

Нова концертна сала и старт на продажбата на билети за концертите на Dead Can Dance:
Скопските концерти на Dead Can Dance на 23 и 24 МАЈ 2022 ќе се одржат во Македонска Филхармонија!
Продажбата на билетите, со цени 1500 и 2000 денари, ќе започне во среда 22 септември 2021, САМО ОНЛАЈН на https://mktickets.mk/



Захвалимо се овоме господину:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom