Датумот на првиот состанок ја открива иднината на врската

  • Креатор на темата Креатор на темата Николина
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 август 2010
Мислења
5.509
Поени од реакции
5.821
Секоја одлука што ќе ја донесете со партнерот е значајна, но најголемо влијание на целата врска има датумот на кој започнала вашата љубов. Затоа внимавајте кој ден излегувате на прв состанок!

Еве како можете да пресметате и да си го одредите денот , кој е идеален за да ја започнете врската со момчето/девојката кое ви се допаѓа.
Соберете ги месецот, датумот и годината и сведете го збирот на едноцифрен број.
Пример 01.03.2012: 1+3+2012=2016=2+0+1+6=9
Пресметајте и прочитајте каква иднина ја очекува вашата врска според денот во кој сте ја започнае:

ЕДЕН
Со овој датум владее Сонцето. Запознавањето е многу романтично како и целиот тек на врската. Оваој датум укажува на тоа дека ќе бидете заљубен и нежен пар, кој ќе тежнее кон целосно соединување.
ДВА
Емоционалната зрелост ќе биде клучен фактор за успехот на оваа врска. Започнувањето на врска во најголем број случаи ќе биде поради желбата за топлина и формирање на семејство.
ТРИ
Врските кои започнале на овој ден се темелат на материјален интерес, а во бракот кој ќе произлее од нив ќе се изродат многу деца на кои материјалното богатство ќе им биде нешто свето.
ЧЕТИРИ
Оние кои размислувале за сите обврски кои со себе ги носи една стабилна и здрава врска, сигурно и ќе ја започнат на овој ден, бидејќи тој ја означива верноста до крајот на животот. Потребата за сигурност понекогаш е главниот мотив да се остане во оваа врска.
ПЕТ
Добра комуникација помеѓу партнерите, ова ви го ветува врската на која заштитен број и е петката. Но оваа љубов ќе мора да води многу битки против монотонијата, кои ќе се состојат од постојано патување и селење од едно на друго место.
ШЕСТ
Љубов, среќа, нежност и мир се карактеристиките на овие врски, но тоа не значи дека за партнер имате ангел чувар, туку човек кој се грижи за тоа што го прави и вешто ги избегнува сите љубовни искушенија.
СЕДУМ
Ако сте ја започнале врската на овој датум, тогаш бидете подготвени за измени во последен миг. Се почесто ќе бидете во ситуации кога спасот за проблемите ќе го наоѓате во последен час. Но исто така оваа врска може често да биде жртва на грешки и не многу мудри одлуки.
ОСУМ
Овие партнери се разбираат со поглед, па така од првиот состанок веќе ќе им биде јасно дека се створени еден за друг . Единственото нешто во што ќе бидат успешни се заедничките работи, а во секоја друга свера од животот ќе бидат многу сложен пар. Во оваа врска секогаш еден од партнерите ќе биде подготвен да се жртвува за кариерата на другиот.
ДЕВЕТ
Ако сте го избрале овој датум за почеток на врската, тогаш сигурно сакате таа да остане ваша слатка тајна. Помеѓу овие партнери постои цврста духовна врска, но тие не се ни свесни за тоа. Врските склопени на овој ден се судбински иако на почеток ќе ви изгледа дека сите се против вас. Речиси секогаш за да опстојат овие врски ќе биде потребна жртва од едниот партенер, која ќе биде направена од љубов.

Па кој е вашиот број и дали ви е нешто погодено? :)
 
ЕДЕН
Со овој датум владее Сонцето. Запознавањето е многу романтично како и целиот тек на врската. Оваој датум укажува на тоа дека ќе бидете заљубен и нежен пар, кој ќе тежнее кон целосно соединување.
 
Не го паметам датумот, сега што правиме?
Уствари жими мајка е ова.
 
Дали оваа математика важи и за оние родени во 19 век или 20 век.
Само да си прашам, па зависи од одговорот и да почнам да го барам дигитронот.
 
Добро, дали е можно некој да верува дека успехот на една љубовна врска зависи од датумот на првото искачање?
 
Број 11.
413px-Forever_Alone.png
 
значи човек не може тема да отвори, не значи ако пишува така дека е така, ми се виде интересна и ја отворив, а знаев дека вакви коментари ќе добијам
 
ОСУМ
Овие партнери се разбираат со поглед, па така од првиот состанок веќе ќе им биде јасно дека се створени еден за друг . Единственото нешто во што ќе бидат успешни се заедничките работи, а во секоја друга свера од животот ќе бидат многу сложен пар. Во оваа врска секогаш еден од партнерите ќе биде подготвен да се жртвува за кариерата на другиот.

И што сеа, демек ако сме ја почнале врската некои 2-3 часа порано ќе сме биле:

„СЕДУМ
Ако сте ја започнале врската на овој датум, тогаш бидете подготвени за измени во последен миг. Се почесто ќе бидете во ситуации кога спасот за проблемите ќе го наоѓате во последен час. Но исто така оваа врска може често да биде жртва на грешки и не многу мудри одлуки.“ o_O


Сериозно прашувам, дали има некој што денес, во 21ви век, стварно верува дека ова е вистина?
 
а ако не сме имале состанок право на тресење сме поминале кој број е
 
значи човек не може тема да отвори, не значи ако пишува така дека е така, ми се виде интересна и ја отворив, а знаев дека вакви коментари ќе добијам
:pos:
Да знаеш дека нешо е ретардирано, да знаеш дека ќе добиеш ремет и пак да го направиш, е тоа бре мора да си таленат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom