Даските што значат живот, а понекогаш и смрт

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.429
Возраст
70
Локација
Skopje
Се отварат теми за се и сешто и се полнат веднаш 10-20 страници.
И тоа зе некаде далеку,за нешто далечно.....ама треба да се знае
Некој починал на 17 години,ама бил фудбалер,како се викаше.
Јас не се сеќавам,не знам,како што не се сеќавам на имињата
на загинатите градежни работници на проектот Скопје 2014 год.
но и на други градилишта овие години.Кои се тие луѓе.Од каде се.
Кој ни ги прават нашите нови домови,мостови,театри и фирхамонии.
Колку наутро во мугрите автобусите ќе донесат вакви напатени души,
од паланечко и ќе ги распоредат по градилиштата во метрополата.
За да потоа самите се распоредат по скелињата со мистријата в раце,
крпа околу вратот и мисла кој е следниот што засекогаш ќе ги
напушти даските што живот им значат,а во тој последен миг и смрт.
Јас не помнам ниедно име од овие градители на градот,а не и од
оние што животот го оставиле тука,под даските на скелињата.
Видовме дека и на овие горештини тие беа на даските на скелињата.
Да кажеме некоја приказна за овие луѓе.А не за „голубици“ и други.
Што со нивните фамилии кој можда останаа и без човекот и без
мизерните негови тотогашни единствени примања.
Колку работат и за колку,имат ли синдикат,топол оброк, осигурање.
Имаат ли интернет дома,колку се уклучени ај да видиме од овој
слој на наши граѓани - работници,што ни ѕидаат и мачкаат.
За превоз знам дека имаат и тоа сигурно секојдневно и во сабота.
...............
Еве да не прашувате: Е сега што е со темава не ми е јасно.....
Само да видам дали 1-2 страници ќе успееме да наполниме за нив.
 
Умираат полицајци, учителки, автомеханичари, рудари....
Конкретно овие - не се доволно заштитени според мене. Фирмите треба да платат дебели казни, ако не ја имаат потребната опрема за заштита.
Но, што да се каже друго?
 
Владее безмилосна експлоатација на работниците во градежништвото. Со секој поминат ден на тие даски си длабат по една брчка, по една бразда на своето лице. И кога се кти ноќта црна не е доволно само да станат на десна нога. Не... Им треба и многу среќа за да не станат статистика... Едни од многуте кој не се вратиле дома.

Мора тоа еднаш да се смени. Се сеќавам читав еднаш една статија во врска со ова и крајот гласеше:

" Експлоатацијата на градежниците мора итно да престане. Нема пари кои можат да ја исперат совеста од штетата од загубата. Не сакаме да поверуваме дека човечките животи се толку безвредни во трката за профит и поевтини дури и од скелето кое чини 0,00003 отсто од инвестицијата. Време е по толку жртви да проработи совеста. "

Колку жртви само се прашувам се потребни за да проработи совеста?
 
Пријателе гледаш дека ваквите луѓе не се битни кај нас,повеќе има интерес за некоја си силувана французинка,отколку за овие луѓе кои работат и на +50 и на -10,без никаква заштита на себе.
 
Само капа долу на луѓето кои ја работат таа работа, и не смао ѕидарско тесарски туку и на сите други работници на кои небото им е граница. Просто и едноставно е , македонија нема услов каде инвеститорот е должен да плати за начинот на изведувањето на работите, односно самиот изведувач одлучува каква ќе биде заштитата односно каква заштита ќе им пружи на работниците. За да изведувачот ја добие работата мода да преземи кратење на накои работи и да наплати само за извршенита работа а не и за потрошените средства при нејзиното изведување. Со тоа заштитата е имровизирана или буквално во надеж дека нема да се случи ништо а не во смисла да преземеме да не се случи ништо. Морам да напоменам де за некои работи и самите работници се “посигурни“ во самите себе ако немаат ништо на себе од заштита мислење дека така ќе сработат подобро и посигурно од пусти “страв“ да пробаат нешто ново.

Како што викаше мојот професор по пракса во средно електро. Со струја само еднаш може да згрешиш, никогаш повторно.
Така и овде само еднаш може да се стапне погрешно, никогаш повеќе.
 
Ајде да гледаме од една поинаква призма, зошто никој не ја критикуваше социјалната положба на работниците во општеството, пред Скопје 2014? зарем требаше да се случат толку несреќи за да ни текне дека нешто не е како што треба? зарем пред тоа не гинеа работинци кои беа дел од слични градежни активности, и кои исто така работеа во мизерни услови со големо ниво на ризик.
 
psy смири се, не ти ја нападнаа партијата :DDD
зошто анчо немаше отворено тема тогаш?
па не беше регистриран на кајгана :D
 
Не е работата за Анчо, кој и да беше....општо зборам, сега е во тренд да се сере за све, go with the flow, ако почне да се збори нешто лошо за некого, и таа тема добие на глобална полуларност авоматски тој станува мета на сите останати кои претходно немала благе везе кој е тој, и нити имале интерес да им биде тема на денот. Ама ете нагло све тоа се мења и го ругаат затоа што "тоа е in" без разлика дали заслужува или не, или пак случај во кој ги знаат двете страни на приказната на "обвинетиот" тоа е проблемот.
 
Владее безмилосна експлоатација на работниците во градежништвото. Со секој поминат ден на тие даски си длабат по една брчка, по една бразда на своето лице. И кога се кти ноќта црна не е доволно само да станат на десна нога. Не... Им треба и многу среќа за да не станат статистика... Едни од многуте кој не се вратиле дома.

Мора тоа еднаш да се смени. Се сеќавам читав еднаш една статија во врска со ова и крајот гласеше:

" Експлоатацијата на градежниците мора итно да престане. Нема пари кои можат да ја исперат совеста од штетата од загубата. Не сакаме да поверуваме дека човечките животи се толку безвредни во трката за профит и поевтини дури и од скелето кое чини 0,00003 отсто од инвестицијата. Време е по толку жртви да проработи совеста. "

Колку жртви само се прашувам се потребни за да проработи совеста?
Господин Крстиќ ги тера да се качуваат по тоа скелето несигурно, матер му ебам капиталистичка. Во меѓувреме тој се вози наоколу со автомобилот, симболот на капиталистичките свињи.
 
Господин Крстиќ ги тера да се качуваат по тоа скелето несигурно, матер му ебам капиталистичка. Во меѓувреме тој се вози наоколу со автомобилот, симболот на капиталистичките свињи.
Петоколонашшшш
 
Самиот проблем лежи и до народот кој се нафаќа да работи физички потешка, психички неиздржлива работа во градежно. Мој пријател, пред скоро месец дена замина по препорака на некој си, дека во скопје се градело зграда мислам оти локацијава беше ново лисиче. Типот радосен замина градежно ќе работи на 2 месеци,според негови пресметки,да му излезел одмор и ред ситници, оти со такси не излегувале ни цигарите. И според кажувањата негови,во градежното се случува скоро вистински голи оток. Работат од 7 сабалје, па до 7 вечерта, дневницата им е 800 денари со 3 пати дневно јадење + платен батал смештај во некоја дупка. Напнато е поради големите газолижења на претпоставените и на 10 работици 2ца претпоставени кои пцујат и го повторуваат истиот збор “Работи..работи“ и неколку гзолижачи кои ја корисат стандардната фраза “Работи,ќе ти вика шефот“ во случај да работник одмори, запали цигара дури и кога стварно нема работа (иако ќе му најдат, па макар и би ја полирал мешалката за малтер).
Паузата преку целиот ден им е час и половина скоро,што дневно реални часа работа би дошле околу 10тина. Ако ја поделиме дневницата 800 денари на 10 часа ќе добиеме смешна сума од 80 денари платен час, или околу 1,30 еура саат, што е смешно за нашите давачки што ги имаме. Ако некој спомни дека во тоа добивале смештај и јадење, ја ќе кажам дека многу поодамна важеше правилото да му се дај на работникот сместување (ако се работи надвор од неговото населено место) и нормално оброк.
 
а сте виделе ли какво јадење добиваат кутрите напатени работници
Пази молимте и тоа го нагласуват: Обезбедено јадење и спиење.
Па и на директориштана што одат по светски симпозиуми им е обезбедено
тоа: Некакво си јадење на чисти маси,и спиење во елетни хотели.
Нашиве градежни работници, (НА СКОПЈЕ 2014)јадат на колена ставиле еден тањир и парче леб в рака во другата лажица.Им го делат доста нехигиенски од комбе,кое лута сегде да доставо некаква голиоток-чорба.
За жалење се сиромашките,никој не го цени работникот,посебно овие.
Исто така и шнајдеркине по Штип,Битола и Велес.И јас велам не работам за толку,ама што да прави тој што нема ич - тука не користат,ни ја користат сиромаштијата и бедата и ни ја цицаат крвта и нашиот труд за евтини пари.
И тие се приморани на овие услови да работат,цел месец за плата,колку што ќе даде еден ГЛАВОЊА за една вечера во некој хотел +(ороспија) де бе некоја спонзоруша со него. Не се поарни ни овие наши министри што ја шетаат Европа и хотелите во Брисел.Тие не јада на колена.
Голи Оток бил промашај. Промашај е кој луѓе се праќани таму.
Сега му е мајката за такво нешто за да одморат овие ГЛА-ГЛАВОЊИ малку.
 
Анчо, на почетокот те бранев многу од други форумџии кои те напаѓаа.
Но во последно време, со начинот на изразување а и однесување кон одредени форумџии, максимално го променив мислењето.
Поентата е јасна, и се согласуваме, но твојот речник е погаден и од ороспијата на главоњата.
 
барам уште еден со исто мислење како Пумата.Благодарам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom