J
Johnny Stulic
Гостин
Sakav da ja otvoram temava vo Politika i Vesti ama za da ne ostani ne izvalkana ke ja otvoram tuka.
Spored tekstot koj sleduva se rabodti za globalen trend ne e samo lokalen problem ama sto se vika da si go rascistime nie prvo naseto djubre pa potoa da videme kako e kaj komsijata.
Prezemeno od Dnevnik
Британците ја исмеваат својата најпаметна студентка
Весникот „Дејли мејл“ јавно ја прашал јавноста што не е во ред со современа Британија кога во неа се исмева Гејл Тримбл, исклучително паметната учесничка на квиз, а се обожава бледата ѕвезда на реално шоу Џејд Гуди
Гејл Тримбл често давала одговор пред прашањето да биде целосно поставено
Дваесет и шестгодишната Гејл Тримбл е прогласена за најпаметен студент во Велика Британија откако оваа срамежлива девојка со очила и со воодушевувачки брз ум победила на најтешкиот квиз речиси без помош од тимот, се вели во написот што го објави Ројтерс.Тримбл успешно ја смирува возбудата по победата на нејзиниот тим на годишниот „Универзитетски предизвик“ во понеделникот, но нацијата со гласен восхит зборува за нејзиниот брилијантен настап на омилениот британски телевизиски квиз во последниве 40 години. Четиричлениот тим на Тримбл од колеџот „Корпус Кристи“ при Универзитетот „Оксфорд“, во финалниот предизвик ги победиле силните ривали од Манчестер со 275-190, при што таа ги одговорила најтешките прашања без двоумење. Тоа било типична брејнстормнинг изведба на Тримбл, капитенот на тимот, која секогаш се смее возбудено кога го знае одговорот.
Во текот на квизот таа често давала одговор пред прашањето да биде целосно поставено, а одговарала и со толку голема брзина што нејзината техника на одговарање била опишана како „интелектуален напад“ што предизвикува воздишки во публиката. Откако го идентификувала Данте Алигиери на слика, таа одговорила на серија апсурдно предизвикувачки прашања освојувајќи куп поени за својот тим, чии членови биле подеднакво восхитени од нејзината брилијантност. Тримбл идентификувала форми создадени од позицијата на елементите од Периодниот систем на елементи без воопшто да ја види табелата. Во претходните рунди таа давала инстант-одговори на прашања од областа на операта, уметноста, историјата, математиката, хемијата и физиката, што е далеку од рамките на знаењето потребно за нејзините студии по латински јазик.
Дури и водителот на квизот, Џереми Паксман, кој е позната личност во Британија и од кого натпреварувачите се плашат поради неговите остри техники на испрашување, неколкупати ја подигнал веѓата како да сака да ја праша: Како по ѓаволите го знаеш сето тоа?Тримбл, која подготвува докторат од латинска литература, со насмевка ја прославила победата на својот тим во вторникот „пресликана“ во весниците со наслови како „Победничката женска машина повторно подготвена за предизвик“.
На гостувањето во радиото Би-би-си, Тримбл била прашана дали е доволно паметна за да ја реши финансиската криза. На прашањето одреагирала со насмевка одговарајќи дека таа сосем случајно има само добар ум за памтење многу чудни факти. Тримбл секако добила признание за своето ѕвездено знаење. Но, на веб-страниците за дружење толку многу млади ја исмеваат зашто е премногу паметна што еден британски весник неделава прашал: Зошто толку многу луѓе го мразат ова девојче само затоа што е паметно?
Во минатата недела кога Британија била стаписана од венчавката на Џејд Гуди, ѕвезда од реалното шоу „Биг брадер“ позната по своето неверојатно незнаење, „Дејли мејл“ јавно ја прашал јавноста што не е во ред со современа Британија кога во неа се исмева исклучително паметна учесничка на квиз, а се обожава бледа ѕвезда на реално шоу.Британскиот таблоид „Сан“ дури и го исмеа огромното знаење на Тримбл, поставувајќи и пет прашања од општа култура, од кои таа не одговорила точно на ниту едно, а меѓу прашањата било и како се вика водечкиот британски актер во „Милионерот од сиромашното предградие“.
Spored procitanovo nie mislam deka sme za nivo "podobri" od Britancite.
Kako da se iskoreni ova glorificiranje na "kopucite" kako Elvir Mehic,Zare Berbero,Boki 13 itn itn i omalovazuvanje na onie malkute vredni srednoskolci,studenti i intelektualci.
Sto da se napravi za da se smenat ovie naruseni moralni normi vo nasevo opstestvo.
Gorespomenative Zare Frizero i ostala bagra gi zedov za umetnicki dojam,toa moze da bide i nekoe kopito koe dila droga i vozi BMW ne e bitno sto ke zemite za paradigma.