Не знаев дека има вакви фрикови. Стварно не знаев. Кога ќе чуев сајбер спорт, ми звучеше дебилно. Спортист, првак на Кантер. Атлета со дванаеска диоптер и грбавица ала Ѕвонарот на Богородичната Црква, попознат како Квазимодо. Ни на крај памет дека еден ден ќе се сретнам со луѓе кои тврдат дека е помалце напор бара пливање, како ОЛИМПИСКА ДИСЦИПЛИНА, отколку оноа онаквоно што ние, кутрите неспособни девојчиња го викаме скок-пук. 12 саата активно тренирање. Не сум открила топла вода ако кажам дека “да си пливкаш е убави4ко и слатки4ко“. Не знам кој рече дека пливањето е физичка спрема, а скок - пук, физичка. Ќе го поздравам тој, и ќе му кажам дека да не бил преокупиран цел живот со Кантер, да се занимавал со некој спорт (под спорт се подразбира оноа онаквоно шо влучува топка и сл.) ќе отидел еднаш на спортска медицина и ќе видел психичка спрема, покрај онаа физичкана.
И да, единствената психичка работа околу тие so called сајбер спортови е психичката зависност.
P.S. Jeenu Girl, повели уште една тема за разработка по сооциологија.