- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 3.875
- Поени од реакции
- 12.535
Добро де, факт е дека и мажите и жените придонесуваат на различни начини во општеството. Точно е дека жената може да раѓа и да биде мајка, но тоа не значи дека после тоа нема физички или психички капацитет да работи. Ако одиме по логиката дека жените што раѓаат треба порано да одат во пензија, тогаш што е со оние што не родиле, а пак се соочуваат со истите услови? Пензионата политика не треба да се темели на биолошки разлики или на родителството, туку на реалната работна способност.Не е аргумент тоа е факт на животот.
Целата причина зошто мажите и жените покасно одат во пензија е зошто се занемарува тој факт и нема пари за пензии.
Исто така, не значи дека сите на 60+ години можат да бидат воени лица или пожарникари, полицајци и сл....затоа постои бенефициран стаж, токму таму каде што е потребен.
Мајчинството е физиолошка состојба, исто како и татковството. Стресот и обврските околу детето ги чувствуваат и двајцата родители, секако дека зборувам за периодот после раѓањето на детето. Бременоста и породувањето се природни процеси и истите се веќе опфатени со породилно отсуство. Значи, системот веќе го признава тој биолошки факт.