Дали вреди?

  • Креатор на темата Креатор на темата DeviAngel
  • Време на започнување Време на започнување

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.957
Поени од реакции
17.937
Локација
Мiddle Of Nowhere
Значи немам пробано вакви работи сосем случајно на Алиекспрес го најдов овај 'објектив' за мојата 60ка ако можи да се наречи таков или ако е таков, па си реков некој поискусен тука да споледи мислење за исиот ?

http://www.aliexpress.com/item/46mm...D-600D-650D-550D-500D-50D-450D/840971069.html

Mн некако ефтин ми се гледа
 
НЕ би ти препорачал, пресен продавач, и не така добар рејтинг, јас не би порачал баш од овој
 
Мислење за дали да го купиш од странава, или?
 
Абе фала богу, зборам за објективот не за продавачот тоа ми е целта линкот го ставив баш од него оти најбрзо го најдов :)
--- надополнето: 24 јуни 2013 во 02:24 ---
Мислење за дали да го купиш од странава, или?

Мислење дали ке ми брка работа и вреди да се купи во смисла да не фрлам пари за џабе :)
 
Не се разбирам многу од тоа. Јас мислев за порачување од страната бараш совет.
Ако порачуваш преку али експрес барај некој со 5 ѕвезди, другите не се многу сигурни.
 
Во друга смисла те сфативме, бај д веј досега никој не му го купил па зошто ти да бидиш првиот, имај го и ова на ум;)
 
Нема врска продавачите со 5 звезди или со 1 ... дур не го добиеш ти производот што си го порачал т.е дур не ја потврдиш нарачката тој парите не ги добива, ако не го добиеш до 60 дена производот парите ти се враќаат .
 
Sum poracuval od ali i od prodavaci so rejting i od prodavaci bez ic rejting i proizvodite stignale sekogas. no imaj na um deka tie obicno se kineski kopii
 
Значи немам пробано вакви работи сосем случајно на Алиекспрес го најдов овај 'објектив' за мојата 60ка ако можи да се наречи таков или ако е таков, па си реков некој поискусен тука да споледи мислење за исиот ?

http://www.aliexpress.com/item/46mm...D-600D-650D-550D-500D-50D-450D/840971069.html

Mн некако ефтин ми се гледа

Не е ефтин, толку се... На ebay имаш дури и поевтини.
Знаеш дека ова не е објектив туку само стакло кое се додава на постоечкиот објектив, така? Да, ќе го рашири малку аголот, ама ќе изгубиш од квалитет... На кој објектив сакаш да го додадеш? Конкретниов модел ти се става на објективи што имаат капаче (навртка за филтри) од 46mm. На кит објективот на пример (18-55мм) filter size ти е 58mm :)
 
Не фрлај пари за глупости!!!од искуство ти кажувам
 
Значи најубо да си ги чувам парињата :D
 
Значи најубо да си ги чувам парињата :D

Најубаво... Што објективи имаш до сега? И што тело?
Да ти дадеме совет во што да си ги пренамениш парите, па ако сакаш - прифати го :)
 
Имам 60Д Канон, 18-55, 55-250 мм Canon објективчиња :)
 
Исти објективи имаме, со тоа што ја имам една 50-ка повеќе :)
Најтопло ти препорачувам да си ја земеш 50мм 1.8 на Canon, затоа што ќе ти се смени цела перцепција за фотографирање. Ако си фотнал нешто со оваа 50-ка (која патем има пристапна цена, јас на старо ја земав за 3.000 денари, а нова е нешто повеќе од 6.000), сигурно знаеш за каков квалитет станува збор. Ако не си фотнал, ќе дознаеш. Ако си љубител на портрети, овој објектив сигурно ќе ти се допадне. Ако не си љубител, ќе станеш :)

За широк агол (тоа што прашуваше погоре), нема да ти треба ништо повеќе од 18-ката што ја имаш на китот... :)
Да, има пошироки објективи, ама тие се изгор скапи...
 
На жалост немам фотнато а и сакам објектив за портрети, истите ги сликам со 55-250 поради позадината на слиакта ама 50мм и 1.8 се сосема друга работа :)... фала ти на советот ти пишав пп
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom