Одамна не сум се смеел вака на некој натпис па уште и на релативно сериозна веб страница е - гласот на конзервативна европа....
Ај што е напишан од норвежанец што живее во белгија за шведска (ова е ко јас за животот во београд да пишувам) ама и толку глупости/дезинформации и генерално Да разбирање на мултикултурата и цела таа проблематика на едно место тешко дека ќе најдеш пак.
Прво муслимани во шведска се дури 5%. Од тие 5%ЕУ(500, 000) според исламскиот совет само 106,000 (значи 1% од популацијата) посетува џамија. Тоа што багра шип+ари глуми лудило во Малме треба и е веќе под контрола на локалната полиција. Она што е најсмешно е што шипците таму уствари војуваат со србските мусламни - со санџаклиите, значи муслмани на муслимани, не на другите. Дека во Малме има криминал не треба да е чудно сепак е тоа град колку скопје со тоа што граничи со многу поголемиот копенхаген и е релативно големо пристаниште/влез во скандавија па се проаѓа од таму. Покрај Hells Angels и Bandidos и другите помали мотоциклистички банди кој се криви за 70% од криминалот (значи белци ариевци) тука се и 2-3 шведски банди, една данска, една асириска (христијани), шипците, санџаклиите и африканците. Ова е исто/слично мање више секаде...
Тоа дека ќе има гета има, ама дека некогаш ќе биде како во МКД малку потешко. Типот требал малку повеќе да истражи во земјите каде мултикултурата е подолго присутна за да разбере некој основни работи. Со исклучок на Британија (тука веќе има повеќе генерации) и Германија (втора генерација) остатокот на европа сеуште е ја прима првата генерација на имигранти. Првата генерација е таа што гради, работи и се гетоизира пошто полесно им е со својте да се снајдат за почеток. Втората генерација е таа што сака да се истакне и да се претопи во новата татковина (такви примери гледај во германската репрезентација). Ова допрва шведска ќе го доживее, постоечките гета ќе се растурат и втората генерација ќе се раштрка на секаде низ градот. Ова моментално го доживува македонската заедница во Австралија. Третата генерација е таа што се враќа на корените еден период (благодарение на баба и дедо, дур да имаат свој деца) и таа генерација работи и се бори повторно за матичната земја. Ова моментално го прави Мак дијаспората во Америка, значи станува збор за успешни, добро едуцирани, потковани финансиски... Четвратата е веќе претопена... Е сега четврта генерација и повеќе ти се црнците во Америка. Они нит знаат од кај се нит ги интересира, ама се гетоизираат затоа што се СИРОМАШНИ. Таму муслиманите или евреите кој исто се 4 генерација и повеќе не се гетоизираат ниту прават проблеми, така? Значи тоа дека ќе стане чаир, нема шанси освен ако не останат сиромашни... Друга работа имај на ум дека МКД се граничи со албанија и они пробуваат да приграбат територија, имаат логистичка подрша и можат полесно да прават срања. На запад можат дур не им пукне филм и не ги линчуваат преку ноќ ко Хитлер евреите.