Дали вреди да се биде добар?

Секој на крај си го добива заслуженото во животот,ама баш буквално никој неможе да избега со тоа шо го направил или го прави и на овој или оној начин правдата ќе го стигне во одреден момент,па ти сега види каков треба да бидеш добар или лош.
Да, да тежок живот имаат Сорос, Ротшилд и компанија, им се враќа.
 
Да, да тежок живот имаат Сорос, Ротшилд и компанија, им се враќа.
Му се враќа на Сорос и тоа како 100 години има уште 200 нема да умре а гарант сака да умре, ама ете не го сака горнио.
 
Да се ставиш себе си на прво место, да си ги наредиш добро приоритетите во животот, да си го гледаш семејството, бизнисот/работата, здравјето и гајлето твое со 110% посвететеност. Да ставаш во твојот тањир без земаш од туѓиот и во меѓувреме да направиш по некоја добрина за светот околу тебе? Да, вреди.
 
Добар е еден вид на жртва според мене која треба да ја дадеш без да очекуваш нешто за возврат.
Колку луѓето се спремни да бидат добри во овој супер материјалистичен хедонистички свет каде одмори и физички работи се главниот мотив на повеќето.
Во денешно време ако си добар или добродушен те сметаат за глуп, неснаодлив или слаб карактер.
Вреди да се биде добар единствено ако не те засегаат туѓите мислења.
 
Да бидеш добар, ама стварно добар е тежок предизвик. Луѓето го гледаат тоа што сакаат да го видат, водата накај својата воденица си ја тераат. Наивен да бидеш е лесно, паѓаат многу на ова, и често наивност се меша со добрина. Добар да бидеш кога некој е добар со тебе....е тоа е предизвикот, затоа што ѓаволот си доаѓа по своето баш у овој случај. Пример, некој ти позајмил пари затоа што те сака а ти не му ги враќаш....не дека си му позајмил пари затоа што ти го испрал мозокот....тоа е наивност.
 
Секогаш гледам да сум добар и културен пред се, и не очекувам ништо за возврат...едноставно поубаво се чуствувам ако некој му се обратам културно, дека фактички преку мојот однос јас ја покажувам домашната култура и културата на тие што ме израснале.
Приватно или со мои најблиски можам да пцујам, да се карам, да колнам, ама пред луѓе секогаш гледам да се однесувам најкултурно и ако можам на сите да им излагам во пресрет.
Е сега таа добрина секогаш ќе си дојде со камата, каде што ќе те користат, ама барем пробувам на најкултурен начин да ги одјебам.
 
Вреди да се биде добар затоа што поголемиот дел од луѓето го забележуваат тоа и ќе ти вратат со добро.Ама не треба да се дозволи да се биде манипулиран и иксористуван.Добар да ама не за секој.
 
...секој добива една шанса кај мене да изгради едно убаво пријателство
...не калкулирам со она што сакам да го направам за некого, ако сум во можност
...не мразам никого, само заборавам дека постои
...не ми е важно што мислат другите за мене, но многу важно што мислам и осеќам јас за себе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom