Дали вреди да се биде добар?

НЕ у никој случај не.Ако си добар секој ке го злоупотребува тоа.Ако си добар за некои ке значи дека си наивен,секој ќе проба да си поигрува со тебе.И никогаш нема да мислам дека некој е добар спрема мене(освен мајка ми),пошо времето стана такво секој гледа да ти го стави и ич не го боли.
Колку си подобар толку полошо,барем според мене.Денес излегува дека секој кој е лицемер и кој к*р не го боли дали ке повреди друг се оние кои го вртат светот.
 
Не вреди, но само ако под „вредност“ очекуваш да ти се врати со добрина.
Почнав и јас никому да не му верувам, и од никого немам веќе високи очекувања. Дури и кога би ми затребала некој услуга од најблиските, јас со резерва ја прифаќам нивната помош.
НО, сепак, се трудам колку што можам да бидам она што се нарекува „добар“. Се трудам да им помагам на сите на кои можам. Одбивам веднаш да вратам со двојно поголемо зло и за најмалите лоши работи кои некој ми ги сторил.
Јас сакам да живеам во свет во кој сите би биле поблиски. Тоа што живееме во вакво доба на идиотизам не значи дека и ние треба сите да се препуштиме на текот и да станеме идиоти! Без разлика дали 1 од 1000 ќе го следи мојот пример, јас до крај ќе терам по свое...
 
Дали е навистина така?
Дали доброто со добро се враќа?
Ако некој ви удри шлаканица колкумина ќе му го свртат и другиот образ?
 
Да очекуваш луѓето да бидат добри кон тебе само затоа што ти си добар кон нив е исто како да очекуваш лавот да не те изеде затоа што ти не јадеш лавови.
 
Дали е навистина така?
Дали доброто со добро се враќа?
Ако некој ви удри шлаканица колкумина ќе му го свртат и другиот образ?
Ќе го судам за физички напад. Не може некој да оде да удара човеци лево десно без причина...
А па ако е мома, тогај сигурно сам си го заслужил. :icon_mrgr::icon_mrgr:

Ако сакаш да си добар, добар си за себе и сопствената совест.. Не за другите.
 
Вреди да се биде добар првенствено заради себе.
За жал денеска добрината како и искреноста ретко кој ги почитува и ги поседува. Вреди да се биде добар со тој што е добар со тебе, а за тој што не е добар со тебе, не вреди да си никаков. На доброто со добро секогаш треба да се враќа, ама за лошото не сум сигурна. Ако правиш лошо сигурно дека еден ден ќе ти се врати. Ако правиш добро, ќе очекуваш дека и на добро ќе наидеш или со добро ќе ти се врати.
Како и да е, вреди да се биде добар со личности кои заслужуваат, другите кој ги тркала.
 
Треба да се знае кога да си добар кога не,треба да има човек осет кога знаеш дека некој те користи ,a такви ги има многу што ја искористуваат добрината :)
 
Ако правиш нешто добро и очекуваш истото да ти се врати со добро подобро воопшто не почнувај, биди си лош и живеј подолго.
 
Вреди да си пријатен, не добар.
Добар е преголем збор на кој му се придава премало значење.
Затоа следи малце клише реченицата „Човек кој е добар со тебе а не е добар со келнерот, не е добар човек.“
Некако прелесно е да се процениш дека си добар, ако си му дал 10 денари на сиромашен или ако си му помогнал на пријател.
Не постои добар или лош човек.
Не е лош човек оној кој ќе ти направи лошо, тоа лошо што тебе ти го направил најверојатно е за него добро.
Уште пострашно е обратното, да ти направи добро за цена на сопствено лошо.

Така да, не само што не вреди, не може да се биде добар. Нити лош.
Зависно од која страна гледаш, една работа е секогаш истовремено добра и лоша.
Секој човек е истовремено добар и истовремено лош.
Вреди да се биде човек.
 
Исто како и во реалноста, така и на форумов, вреди да се биде добар со луѓето кои го заслужуваат тоа.
А за овие другите....се се враќа, се се плаќа (на овој или оној начин).
--- надополнето: 16 август 2012 во 00:40 ---
Дали е навистина така?
Дали доброто со добро се враќа?
Ако некој ви удри шлаканица колкумина ќе му го свртат и другиот образ?

Lady Blue, колку и да звучи неверојатно, да, некогаш добрината со добро се враќа. Се уште има малубројни кои не ја изгубиле честа, доблеста и хуманоста во себе.
Ако некој ми удри шлаканица, нема ни да има шанса да го повтори тоа, зашто ќе го оставам без рака:sneaky: За вртење на друг образ не станува збор.
Не заборавам ни добри, ни лоши дела, а возвраќам со иста мерка, двојно;)
 
Исто како и во реалноста, така и на форумов, вреди да се биде добар со луѓето кои го заслужуваат тоа.
А за овие другите....се се враќа, се се плаќа (на овој или оној начин).
--- надополнето: 16 август 2012 во 00:40 ---


Lady Blue, колку и да звучи неверојатно, да, некогаш добрината со добро се враќа. Се уште има малубројни кои не ја изгубиле честа, доблеста и хуманоста во себе.
Ако некој ми удри шлаканица, нема ни да има шанса да го повтори тоа, зашто ќе го оставам без рака:sneaky: За вртење на друг образ не станува збор.
Не заборавам ни добри, ни лоши дела, а возвраќам со иста мерка, двојно;)
Зошто се оптеретуваш со туѓи дејствија :)
А образот има друга симболика, образот е лицето(персоната, маската)...таа не си ти, така да и илјада шлаканици не се битни....надвор од досег.
 
Ако си искрен,си го дал срцето под цекан,ако сакаш ќе те мразат,ако не лажеш тие ќе те измамат,ако помагаш со нож ќе ти вратат во грбот,ако веруваш ќе се разоцараш,ако си добар?хмм...биди добар,но лошите,но само лошите ќе те сакаат,а тие незнаат за добрината нели....не е нашиов свет за тоа:(

Hо,биди звер издржи.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom