Дали треба да се прогласи вонредна состојба поради високите температури?

  • Креатор на темата Креатор на темата HEATHY
  • Време на започнување Време на започнување

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Возраст
31
Веб-сајт
www.zolta.com.mk
Денес и вчера врти слика сликана во Скопје на која дигиталниот мерач за температура покажува 50 степени. Во Кавадарци во 14:22 минути на плоштадот исто така на дигитален мерач покажуваше 51 степен. Во нашата држава вонредна состојба се прогласува ако температурата е повисока од 42-43 степени. Исто според законот ако се прогласи вонредна состојба освен што луѓето нема да одат на работа, се ослободуваат од плаќање на сметки за струја, вода, телефон... и државата е должна да ги покрие тие сметки. Дали нашата влада се плаши да прогласи вонредна состојба? Во Србија веќе има и некои протести и доставени се барања. Дали е хумано работниците да работат на 45 степени (под сенка) и 60+ на сонце? Па уште има рестрикции со вода, некои градови немаат со часови, а некои места и со денови. Што мислите вие?
 
Денес и вчера врти слика сликана во Скопје на која дигиталниот мерач за температура покажува 50 степени. Во Кавадарци во 14:22 минути на плоштадот исто така на дигитален мерач покажуваше 51 степен.

Зашто мислам дека не се веродостојни таквите мерачи на температура кои се директно изложени на сонце?
 
Баш ме интересира денес во 2 часот под сенка колку ќе биди. Ако има некој термометар нека мери и нека сподели слика ако може :-)
 
Температурата се мери на сенка , а не на сонце :)

Под сенка е 42.

А муабетите дека се мери под сенка, нека идат да им ги кажат на возачите околу 15:00/16:00 кога чекаат на семафори. Најреално мерење, е динамичното....
 
Кинески мерчи па покажуваат нереални мерења. *sarcasm*
 
Ех какви лета сме преживеале ке го преживееме и ова ;)
 
Јас им се чудам што не направат како во сите европски земји, во најжешкото да не се работи. Од 1 до 5 затвори дуќан иди одмарај под клима, и после у 5 излези и пак работи си.
 
Бидете мирни, денес е арно:sneaky:
 
Јас им се чудам што не направат како во сите европски земји, во најжешкото да не се работи. Од 1 до 5 затвори дуќан иди одмарај под клима, и после у 5 излези и пак работи си.

До 7-8 исти *ур ти е :(
 
Нема да прогласат треба да се престане со градење на Скопје 2014, па ако треба и сите градежници да попаѓаат..
Највеќе градежниците се погодени од оваа состојба но и други кој работат изложени на сонце.. :S
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom