Види, ако те изнервираа во Љубов и Секс, не значи дека треба мене да ме нападниш со тие Американците...
Е сега..
Ако ги пратеше тие работи како што самиот кажа, ќе знаеше дека јавните информации што се достапни, немаат врска со вистинската слика. Очигледно не ги пратиш доволно, пошо ко мало дете ми прајш споредба на авиони, тенкови и подморници.. шо уствари се само алат за работа во свет каде што целосно доминираат разузнавачите и контра-разузнавачите. Ама да не навлегвам..
Друго.. 21 век сме.. постојат сојузи (пр. НАТО), америка/англија.. итн итн.. и уште многу други воени "мрежи" кои што делуваат како целина при некој конфликт. Зависат едни од други - константно, и меѓу нив егзистира соработка од сите аспекти. Размена на оружје, суровини, информации, воени бази, итн итн итн.. Значи не постои компарација од типот Америка е појака, кога уствари под поимот "Америка" се цела багра држави.
Но и да би било така.. еве според информациите што јавноста ги знае:
Американците го имаат најдобриот авион, рапторот... кој во суштина не може ни модифициран с300 ракетен систем да пробие. Светот веќе располага со с400, а Русите до 2017 ќе го имаат с500. И не само рапторот, туку и тие Lockheed Martin шо ги крие од јавноста, немаат теоретска шанса.
Најдобра подморница на светов НЕ е таа со најмногу нуклеарни проектили во неа, туку класите што го имплементирале (германски по потекло) најдобриот стелт систем до сега измислен. Го имаат повеќе држави, и нормално светските сили.
За најдобриот тенк ни муабет не трошам... не М1 абрамс, ако сака и М1 св.Абрамс.. џабе. Војната ќе е завршена пред да дојде до употреба на тенковски единици.
Кина братче, има СЕ што имаат останатите светски велесили, плус има комунизам, ефтина работна рака, и само за информација - повеќе долари од самата америка.
Има и (редовна) војска, да се наредат еден на еден - преку Берингово море мост до Алјаска ќе постои...
И пак тоа Кина не ја прави "најјака" во цел свет, пошо нема такво нешто како "најјака држава на цел свет".
АМЕРИКА не децении, туку е МИЛЕНИУМИ далеку од трон на светот

Си ги знае таа границите, ето таму гледај за Сирија, скокаа скокаа и на крајот опашката в гз, и да ги немат.
Ми ја разбираш валјда поентава...
Поздрав.