Дали сте спонтани ко личности? Дали мора се да ви е испланирано или едноставно животот оставате да ви тече по сопствен тек?
Што мислите, што е подобро од овие две?
Дали спонтаноста е вродена особина, дали може некој што постојано планирал цел живот, да стане спонтан?
Во спонтаноста ја гледам и смислата на животот.
Во споротивно сум робот.
Планирам работи што мора да ги планирам, иако често не ми се остваруваат па се нервирам.
Инаку, имам фобија од планиран живот.
Што и да сум направила-било спонтано и зашто „така ми дошло“.
Дали да напишам, направам, кажам..
И најубавите работи што ми се случиле биле баш поради спонтаноста, а не поради шаблон/план..
И да, може да се стане спонтан. Треба само да не се грижиш “Што потоа?“, да не те интересира реакцијата на другите, туку да се стремиш да си го оствариш она што ќе ти причини задоволство тебе, а и на некој друг близок на тебе.
Направи она што ќе ти падне на памет без разлика дали ќе се каеш подоцна или не, така си сакал/а сега, така ти било убаво..
Со реакциите и последиците ќе се соочуваш (ако има последици) подоцна.