Дали сте лежеле во болница?

Jaс лежев св еразмо 2 недели имав тешка сообракајка,големи повреди на черепот и внатрешно крваренје,ако не се оперирав за 2 или 3 часа.јас немаше да бидам во форумов.
 
Лежев 98 у козле за бронхитис, ептен ми бесе забавно, горам јас од температура ама сто имаше една сестра млада јас негде9-10 години, ме зима да ме олади под туш :):) пеерверзии, напален бев уште као мал по медицински сестри. А после тоа бев на операција за крајници, бевме едно 7-8 деца што беа за операција истиот ден и сите чекаме пред операциона сала. Доага една сестра и на сите по една инекција ни бута во гзот за заспивање. Јас копиљ глеам и се чудам после 20 30 минути сите заспани. Се развртувам на креветчето и од таму доага сетрата и вика​
-Абе ти не си заспал, и јас и враќам​
-Па мене не ми се спие, и после тоа ставање уште една инекција и спиење до другиот ден :):). Се будам без крајници, не можев да голтам пиев и јадев од цевка неколку дена, ама за тоа од тогаш до ден денешен здрав сум ко дрен.​
 
Лани лежев у заразно, имав бронхоплеумонија, лежев едно 8 дена се на се :confused:
 
Пред околу 3 години лежев 1 недела тука во прилеп на инфективно со тоа заушките ко имаше епидемија и можам слободно да речам дека на ниво е се , нов објект , чисто.Два пати во денот по еден тим од доктори ми ги чепкаа отечените гениталии, одвај одев
Имам лежено ко мал(3 години) за крајниците
 
Пред една година се праев операција од Фистула на опашката. Требаше да лежам 5-6 дена таму....
прво шо беше, ЗБЕСНУВАВ за цигара уште првата вечер, а докторо СТРОГО ми забрани да станувам. Ама јас не можев да додржам, и нормално кај 2-3 ко заспаја сите 4 пати појдов до ВЦ да испушам по една :) Вечерта мислам дека ми беше НАЈДОЛГАТА вечер во живото. Прво, смеев да лежам или на стомак или на страна, арно ама кревето беше вдлабнат и никако не се лежеше така( а јас и каков сакаш дај ми кревет, не можам да лежам на стомак). И сабаљето кај 6-7 таман шо заспав, еве ги децава од средно медицинско чаршави да ми менувале. УПМ. И од ОДМА на брат ми му звонам, без да знај никој, да дојди да ме земи...Докторо ме начека на врата, и ми вика...не можам да те држам со сила, ама јас понатаму не одговарам за тебе. Ако сакаш да бидиш здрав следниов месец освен ВЦ - то , СЕ да заборајш....најдолгио месец во живото...
И така...од потребни 5-6 дена јас издржав цела една вечер :)
 
хах.. пу пу пу да не се подречам ја со моиве 22 години никад до сеа не сум лежел у болница..
а и несакам искрено !!!
 
Уфф пријателе за темава .. :) немам лежано фала му на бога така да..не ни сакам :)
 
Два пати поради истата операција. Еден месец во Велес пред 15 години и еден месец во Скопје пред 8 години.
 
Не .. а не ни сакам. Што барам таму !?!? :)
 
Немам лежено фала му на бога.
 
Хм, последниве 6 год немам лежено во болница , инаку можам слободно да кажам дека израснав во болница, имав скратување на ногата и поради тоа ми вршеа елонгација со помош на Илизаров апарат, тоа е долг процес на лекување кои траеа со години, се случуваше по цела година да сум во болница,лежев во државна болница па кога се направи мајчин дом тогаш продолжив таму со лежење и лекување, се изнагледав се и сешто, доживаеав многу таму, лош перонал,крадење од пациенти од страна на негователките, тепање ако плачеш од болки ,а се бевме деца , ако ти се мочка и ако бараш да ти донесат лопата во кревет ти викаат ЕХ, СЕГА ЛИ НАЈДЕ САМО ШТО ГИ ИЗМИВ РАЦЕТЕ и ти се стискаш цело време додека на смрдлата не и дојде ред за следно миење раце, и ред др глупости. Лежев пред 6 год пак на ортопедија во државна и сега беше многу поинаку, персоналот беше добар немаше такви глупости . Сега сум Ок ама не сум скроз задоволна, верувам дека да бев негде надвор од тука ќе ме средеа многу подобро ... ама кога се нема пари тоа е тоа .
 
Една недела лежев и постојано се карав со сетрите...
 
Како многу мал (2-3-4 години) имам лежено повеќе по болници, него дома. 91ра ме оперираа во воена болница од крајници. 92ра лежев (воспаление на плуќата) во Охрид - клинички итн...од поновите дешавки, последната беше 2008ма фебруари, во воена, ми го оперираа внатрешниот менискус и ми ставаа вештачка рскавица, зошто ми беше истечена целата итн...лежев една недела од прилика и морам да кажам дека од смештајот во апартман, преку односот на сестрите и докторите, па се до излегувањето од болницата, се беше чиста 5ка. Така да сеуште не ме нак*рчиле за да се префрлам на приватно :icon_mrgr:
 
пред 20 сетина дена ми прсна слепо црево. И така со прснато црево сум издржал дома некои 4 дена додека не стана неиздржливо и правец болница, и дур се свестив, лежев на операциона маса а набилдан хирург со скалпел над мене. Болницата е очај, душеците со флеки од крв, џамовите не затвараат убаво, парно се пуушта 2 пати дено по сат, сатипол, храната не ја јадев туку му ја пууштав по моите на кучето (сега тоа не е арно), бев сам в соба и навечер ниту поминуваше некој да види како си и дали ти треба нешто, а јас не можев да зборувам од тубусот кој ми беше в грло при операција, така да една вечер, полуден од жед, без сила да станам или викнам, во 2 сабајле се јавив по телефон дома, за да дојдат на болница и да му кажат дека сакам голтка вода... се во се лудо и незаборавно.
 
Nemam lezano nitu 1 den, nemam ni raka ni noga skrseno, a bas sakam da odam da vidam kako e :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom