Еех... болници, какви болници бе, кај нас се тоа се хорор сетови. Ако си гледал доволно хорор филмови ќе се навикнеш, ако не го наеба.
Сум лежел два пати како мал, еднаш на 5 години од слепо црево и еднаш на 6 од кила, многу бев немирен, колку што се сеќавам по 2-3 недели излежав, ама ми поминаа брзо, исчитав милион стрипови тогаш и не знам што друго да кажам од тоа време...
Претпоследно лежев на хирургија во Охрид пред 3 години поради нешто сосема друго, не е битно, и поминав катастрофално. Тие 7 дена ми изгледаа ко најдолгите во мојот живот.
Како прво хигиената беше катастрофа. Уствари, хигиена искрено и немаше. Иамаше само едно веце во цела болница, капакот беше измочан, подот зарѓан од што не... Пикавци од цигари на сите страни, мислиш во некој кафич е вецето. Да бидам искрен 5 дена издржав да не одам на голема нужда, цели 5 дена поради гадното веце, само да не седнам на шољата, стомакот ќе ми експлодираше, не знам ни како издржав...
После, храната колку само беше невкусна. Еднаш пробав супа (се викаше супа, не знам што беше иначе), на мачката моја подобра храна и давам од тоа, другите денови кога ќе врвеше жената со јадење ме молеше да земам нешто и после цели 3 дена убедувања се скаравме и не ни влезе во мојата соба пак.
Чаршафите не ги менуваа секој ден, кога ќе им текнеше, можеби во цела една недела три пати ако сменија постелнина.
Па ми дадоа едни пижами да ги носам како демек од болницата... Дедо ми носи подобри пижами од оние, скинати, крпени милион пати, ми ги дадоа ни срам ни перде. Од тогаш имам фобија од тенки пижами.
Еднаш кога се разбудив слушалките од телефонот ми ги украде некој. Си велам кој краде во болница бе... душман да ми е нема да му украдам слушалки од телефон.
И најтрагично од се беше што за да фатам интернет со лап топот, докторот ме советуваше да одам на нервно (една врата ги дели нервно и хирургија) затоа што на хирургија им бил расипан вајрлесот, па неколку пати одев на нервно само за да седнам на интернет. Што се не видов таму заради еден итнернет... Језиво.