Дали сте атеисти?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте атеист?

  • Да

    Гласови: 77 36,7%
  • Не

    Гласови: 133 63,3%

  • Вкупно гласачи
    210
Статус
Затворена за нови мислења.
ne i nikogas nema da bidam иако не сум голем верник
 
JeCILaDy напиша:
И криминалците одат во црква, се прекрстуваат, се молат, ги слават христијанските празници, а сепак се криминалци и извршиле некое дело. Кај е Бог тука ?
А кој рече дека се оправдани?
Формата не го оправдува човекот пред Бога,туку верата.
Вера не како вероисповед,туку како активна верба,доверба,поверење во Бога.
"Праведникот ќе живее преку вера" Послание до Галатјаните 3:11
 
Да, не се оправдани, но нели Бог го забранува криминалот ? Зошто криминалците, и покрај забраната од Бог, ги вршат делата ?
 
Не сум атеист. Не сум антитеист.
Човек сум кој бара вистина и сака да живее во вистина, наместо во илузија. Верувам во Бога
 
Атеист не сум, но не сум ни нешто многу религиозен, во црква скоро и да не одам или пак многу ретко инцидентно го правам тоа. Религијата ја практикувам умерено, не сум религиозен фанатик, повеќе би се рекло дека сум човек кој има почит за религијата одколку голем верник.
 
не сум атеист. Верувам во бога , но не одам толку често во црква.
 
Не сум атеист но не сум нешто посебно религиозна,на црква одам многу ретко и не сум некој голем верник но ја почитувам религијата.
 
Член на раководството напиша:
Јас сум, фала богу, атеист

е па што тогаш ФАЛА БОГУ???!!!!!

Ako nekoj e ateist ne treba da znaci deka mora celosno da ja otfrli religijata, zosto taa moze da se svati na povekje nacini. Milo mi e sto znam deka i pokraj toa sto nekoj ne veruva vo gospod, ja pocituva tradicijata na crkvata koja ima golemo znacenje za nasiot narod.
 
Петар-МКД напиша:
Да, атеист сум, но секако се придржувам до обичаите што ги поставила религијата, затоа што тие претставуваат дел од нашата култура и нашето општество. Ретко одам во црква и не верувам во Господ.

Откако се собра големо множество и кога луѓе од сите градови дојдоа при Него,им рече во парабола:,,Излезе сејач да сее свое семе.И додека сееше-едно падна покрај патот,и го изгазија и небесните птици го исколваа.Друго пак падна на камен,изникна и се исуши зошто немаше влага.Другото падна во трњето,растејки со него го задушија.Друго падна на добра земја изникна и донесе стократен плод.: Кога го рече тоа извика;,,Кој има уши да слуша нека слуша !?"
А Петар-МКД го праша-Што значи оваа парабола,ништо не разбрав?????
А Тој пак рече; Вам ви е дадено да ги знаете тајните на божјото царство а на Петар-МКД му е дадено во параболи така што гледајки да не гледа и слушајки да не разбере.А оваа парабола значи- семето =Божјо слово.Оние крај патот,тие чуле,потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од нивните срца,за да не поверуваат и да не се спасат.На камен се тие,кои штом чујат-со радост го примаат словото но ни тие немаат корен,веруваат некое време,но отпаѓаат во време на искушенија.Паднатото меќу трње ,тоа се оние,кои чуле за словото ама ги задушуваат грижите што ги имаат,богатството и животните уживања и не донесуваат зрел плод.А она на добра земја-тоа се оние кои ке го чујат Словото ,го чуваат во добро и чисто срце и донесуваат плод во трпение.":pop: :pop: :pop:
 
astrion напиша:

Супер ќе беше ова што си го препишал, прво самиот да го разбереш, а потоа да го пренесуваш на други... За жал, станува збор само за интерпретација од страна на робот. ИЛИ, увери ме во спротивното. Ако твоето мислење се поистоветува со она што си го „напишал„, тогаш не би требало да мислиш дека на Земјава 'не донеле вонземјани...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom