Дали сите гледаме исто...

  • Креатор на темата Креатор на темата Атеист
  • Време на започнување Време на започнување

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Возраст
63
Локација
Скопје
Мислам имаше слична тема но беше за боите. Интересна анимација, според коментарите некој гледа едно некој друго.
getimgnh6.gif

Што гледате вие? На која страна се врти девојкава? Во павец на стрелките од часовникот или обратно?
 
Во правец на стрелките од часовникот.
Интересно ова, не сум размислувала многу на оваа тема. Баш пред некој ден се „расправав“ за нешто слично. Воопшто не помислив дека можеби се работи за различна перцепција.
 
1237262681298.gif
 
Се менува кога ќе ја загледам подолго време,прво се врти на лево па на десно .
 
Оптичкава илузија настанува во зависност од тоа која хемисфера на мозокот е поактивна во даден момент,дали левата или десната.Инаку мене ми се гледа дека ротира во правец на стрелките на часовникот.
 
Оптичкава илузија настанува во зависност од тоа која хемисфера на мозокот е поактивна во даден момент,дали левата или десната.Инаку мене ми се гледа дека ротира во правец на стрелките на часовникот.

Нема блага везе ова е едноставен GIF.
Пушти го еве ти го во нов таб и гледај внимателно. По неколку секунди ќе го смени правецо и преубо се забележува
--- надополнето: 19 ноември 2013 во 13:03 ---
Пет минути глеам и цело време е clockwise. Also, my kind of tits.

Не гледаш сконцентрирано. Почнува да врти по стрелките на часовникот, а завршува обратно. Баш поткочува кај мене на сред GIF кога го сменува правецо
 
Нема блага везе ова е едноставен GIF.
Пушти го еве ти го во нов таб и гледај внимателно. По неколку секунди ќе го смени правецо и преубо се забележува
--- надополнето: 19 ноември 2013 во 13:03 ---


Не гледаш сконцентрирано. Почнува да врти по стрелките на часовникот, а завршува обратно. Баш поткочува кај мене на сред GIF кога го сменува правецо

Гифот не е направен така за одеднаш по некое време да го смени правецот, туку се зависи од тебе.
Ако за тебе функционира така, не значи дека истото важи и за некој друг. Некој ја гледа како се врти само на една страна цело време додека гледа. :)

Иначе за мене прво се врти во правец на стрелките на часовникот, па се мења обратно, па пак се враќа во почетниот правец.
Што значи ова... неодлучна сум? :icon_lol:
 
Мене некое подолго време ми изгледаше дека се врти обратно од стрелките на часовникот (од десно кон лево), а потоа си викам ај да и ја видам ротацијата на левата нога и од тогаш почна да ми личи дека се врти како стрелките од часовникот (од лево кон десно), иако забележително е прескокнување во фрејмовите на кратко.
 
@AnFem, ако ти изгледа дека се врти на десно, во правец на стрелките на часовникот, тоа наводно значело дека длабоко во себе имаш афинитети кон политичката десница... Жалам. :D

Инаку најобична илузија е. Не ја менува насоката на вртење балерината, освен ако нешто не ти го залаже мозокот. Најубаво се гледа во сликата на @OMGWTFBBQ. Таа од лево се врти во насока на стрелките на часовникот, таа од десно обратно. Таква слика ни даваат помошните линии. Силуетата во средина ќе се врти на онаа страна на којашто се врти последната силуета што сте ја виделе.

Патем, од старт, на повеќето им изгледа како да се врти на десно. Исто и мене.
 
И јас исто како Анфем гледав само движење во правецот на стрелките на часовникот :гик: . Инаку ако гледате само едно движење значи сте стабилни и константни а ако ви се мешаат движењата тогаш сте колебливи :icon_lol:
 
Back
На врв Bottom