Дали се сметате за секси?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Дали се сметате себеси за секси?

  • Мажи: Секси

    Гласови: 134 42,5%
  • Мажи: Не

    Гласови: 73 23,2%
  • Жени: Секси

    Гласови: 92 29,2%
  • Жени: Не

    Гласови: 16 5,1%

  • Вкупно гласачи
    315

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.620
Поени од реакции
35.937
Возраст
41
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
За разлика од жените кои мака мачат со самодовербата, машките се поприлично сигурни во својот добар изглед и сексипил, потврди најновото истражување.

Речиси една половина од посилниот пол (49%) рекле дека мислат дека се секси, а повеќе од една третина од испитаниците изјавиле дека личниот изглед им е навистина важен. Истражувањето опфатило 5.000 мажи во 12 земји низ целиот свет.

Дури 81% од Грците се уверени дека се секси (90% од Македонките сметаат дека Грците не користат огледало), а завидно ниво на самодоверба покажале и руските мажи од кои дури 80% се уверени со сопствената неодоливост. На високата трета позиција се наоѓаат мажите од Јужна Африка меѓу кои 78% признаваат дека на себе гледаат како на "секси Адониси".

Спротивно на наведените земји, во Малезија состојбата е драстично поинаква - дури 78% од Малезијците не се сметаат за секси, а прилично самокритична машка популација може да пронајдете и во Кина и во Франција, каде процентот на мажи кои не се сметаат за секси е 66%.

Според истражувањето, се повеќе мажи користат креми и парфеми, а интересно е дека само 14% од испитаниците во Кина користат дезодоранси - додека најмалку козметички производи за мажи, процентуално, користат Русите и Британците.

Да го ставиме малце на тест нашето его и да видиме реално како ќе изгледа крајниот процент. Анкетата е анонимна, а може да гласаат форумџи и од обата пола. Секако, ако има, може и да додадете нешто на темава.
 
Моментално има еден дечко кој се смета за секси и една девојка. Кој ли гласал, мамата.:pos2:
Туку, многу страшно ми звучи тој процентот во Малезија. Не е во ред човек да се преценува, ама па толку луѓе да се сметаат за несекси? Дури и да не се некои лепотани, немаат ли нешто на и во себе кое им кажува дека вредат повеќе од тоа самопонижување?:toe::pipi:
 
Сексуалната привлечност е релативна, ретки се оние мажи или жени за кои сите би се согласиле дека ваауу “секси“.

Според мене доволно е да предизвикуваш интерес и да имаш одреден успех кај спротивниот пол, тоа може да те категоризира најреално во оние.. пожелни или не.

Иако мислам дека за жените критериумите од машки аспект се многу пониско лоцирани :) без навреда, но постои поголема преценетост кај жените, споед мене.
 
Ova treba nekoj drug da go kaze,premnogu e narcisoidno sekoj da zbori za sebe.

I nemam nekoja definicija za sex..moze da e sekogas ralzicno ,ne znaci deka minicot ili golemo dekolte e sexi ,nekogas i po pizamite deluvaat sexi.
 
гласав: Мажи: Не =)
едит-требаше да биде јавна анкетата =) зашто да не?
Затоа што не е сеирџиска темава и би било добро искрено да се има една бројка. Ако е јавна анкетата, уште повеќе луѓе би се заебавале како тебе. Јас косава најубава ќе си ја ишишам ако ти не се сметаш за секси.:pos2::back:

Сексуалната привлечност е релативна, ретки се оние мажи или жени за кои сите би се согласиле дека ваауу “секси“.

Според мене доволно е да предизвикуваш интерес и да имаш одреден успех кај спротивниот пол, тоа може да те категоризира најреално во оние.. пожелни или не.

Иако мислам дека за жените критериумите од машки аспект се многу пониско лоцирани :) без навреда, но постои поголема преценетост кај жените, споед мене.
Па затоа секој за себе треба да си знае, без оцена од другите, баш некако според начинот кој го напиша.
А за преценетост, секако дека има, има и потценетост, но тука не можеме ништо. Ваљда секој еден ден си ја сфаќа вистината и се враќа таму каде што му е местото.

Ova treba nekoj drug da go kaze,premnogu e narcisoidno sekoj da zbori za sebe.

I nemam nekoja definicija za sex..moze da e sekogas ralzicno ,ne znaci deka minicot ili golemo dekolte e sexi ,nekogas i po pizamite deluvaat sexi.
Не мора да се збори, може само да се гласа и е нешто што не е нарцисоидно, ако е реално. Башка, како би изгледала анкетата ако е така? Сите ијадници јузери да се стават на гласање, па да гласаме кој е секси, а кој не? Не оди така.
И не е прашањето што е секси, туку дали ти себе си се сметаш за секси, според твои искуства.
Зошто не прочитате убаво уствари што пишува во воведниот пост?:toe:
 
Затоа што не е сеирџиска темава и би било добро искрено да се има една бројка. Ако е јавна анкетата, уште повеќе луѓе би се заебавале како тебе. Јас косава најубава ќе си ја ишишам ако ти не се сметаш за секси.:pos2::back:
НЕ! не се заебавам, и едноставно така мислам. има некоја граница сексипилот, што ЈАС сметам дека ЈАС не ја преминувам. ништо чудно во тоа, едноставно такви ми се критериумите. или сум премногу самокритичен, сеисто =)
sex appeal е релативна работа, пошто секој различно ја вреднува и секој различно ја замислува.
:back:
 
Некоја граница што не ја преминуваш? Неможам да сфатам што би било тоа дека јас мислам за да е еден човек секси треба да изгледа добро (не само убав и со убаво тело), да внимава на својот изглед, да знае како да се носи со него, да знае како да се однесува ... со еден збор да знае како да ги искористи сите свои позитивни страни, со што би ги покрил негативните, кои мора да ги има. Тоа е слатко и секси, а каде е границата не знам:toe:
А во врска со тебе што не се заебаваш, еве да ти се извинам што помислив така и ти се пуштив да те карам:kesa::back:
 
Само со направен фриз може да се каже дека се сметам за секси. :icon_lol:
Во јавност не излегувам без фризура.:vozbud:

А кога не ми е направена, се чуствувам грдо и неприродно посебно кога ќе станам сабајле и ќе се видам во огледало разбушавен:nesum:
 
Во период на овулација вибрирам во еротски расположенија и се чувствувам комплетно секси... И кога сум полна со себе, расположена од мини работи... Секси, дефинитивно.
Само кога ми е мачно, кога сум болна, ненаспана или скршена од умор, сексито се претвора во ранливо.
Најсекси сум кога сум лута:):baeh:
 
Najseksi sum nasabajle taka otecen celiot od spienje kako so pernica da me tepale cela vecer :D
 
Back
На врв Bottom