Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.223
- Поени од реакции
- 34.514
За разлика од жените кои мака мачат со самодовербата, машките се поприлично сигурни во својот добар изглед и сексипил, потврди најновото истражување.
Речиси една половина од посилниот пол (49%) рекле дека мислат дека се секси, а повеќе од една третина од испитаниците изјавиле дека личниот изглед им е навистина важен. Истражувањето опфатило 5.000 мажи во 12 земји низ целиот свет.
Дури 81% од Грците се уверени дека се секси (90% од Македонките сметаат дека Грците не користат огледало), а завидно ниво на самодоверба покажале и руските мажи од кои дури 80% се уверени со сопствената неодоливост. На високата трета позиција се наоѓаат мажите од Јужна Африка меѓу кои 78% признаваат дека на себе гледаат како на "секси Адониси".
Спротивно на наведените земји, во Малезија состојбата е драстично поинаква - дури 78% од Малезијците не се сметаат за секси, а прилично самокритична машка популација може да пронајдете и во Кина и во Франција, каде процентот на мажи кои не се сметаат за секси е 66%.
Според истражувањето, се повеќе мажи користат креми и парфеми, а интересно е дека само 14% од испитаниците во Кина користат дезодоранси - додека најмалку козметички производи за мажи, процентуално, користат Русите и Британците.
Да го ставиме малце на тест нашето его и да видиме реално како ќе изгледа крајниот процент. Анкетата е анонимна, а може да гласаат форумџи и од обата пола. Секако, ако има, може и да додадете нешто на темава.